20 интересни факти за парите кои сигурно досега не сте ги знаеле

20 интересни факти за парите кои сигурно досега не сте ги знаеле

Денес за вас издвоивме 20 интересни факти за парите. Веруваме дека ќе ви биде многу интересно додека ги читате, а и сигурни сме дека ќе научите нешто ново.

20 интересни факти за парите кои сигурно досега не сте ги знаеле

1. Според едно истражување, на 90% од банкнотите на американскиот долар, се пронајдени траги од кокаин.

2. Првата хартиена банкнота потекнува од Кина, а е изработена пред 1.400 години.

3. На годишно ниво, бројот на книжни пари што се печатат за популарната игра Монопол е поголем од бројот на вистински печатени пари.

4. Доколку во џебот имате 10 евра, а притоа немате никакви долгови – насмејте се, побогати се од 25% од Американците.

5. Најголемата книжна пара на светот ја има издадено филипинската влада. Во 1998 година, таа испечатила банкнота со вредност од 100.000 филипински пезоси. Со оглед на фактот што оваа банкнота е во А4 формат и е издадена во лимитиран број, колекционерите ја купувале дури и за 180.000 филипински пезоси.

6. Првиот банкомат е направен и инсталиран во Лондон во 1967 година.

7. Од Австралија до Тринидад и Тобаго, портретот на кралицата Елизабета Втора ги красел валутите на 33 различни земји – повеќе од кој и да е друг човек на светот.

8. За да се справат со проблемот на хиперинфлацијата која достигна рекордно ниво од 23.1000.000%, властите на Зимбабве, издале банкнота од 100 трилиони долари.

9. Според една научна студија, доколку сакате да заштедите пари – не допирајте ништо во продавница! Кога допираме некој производ, веднаш се зголемува желбата да го купиме, па дури и ако треба да платиме повеќе за него.

10. Во 2012 година, 100-те најбогати луѓе на светот, поседувале доволно пари дури четирипати да стават крај на глобалната сиромаштија.

11. На годишно ниво, коцкањето создава повеќе профит од сите филмови, спортови, тематски паркови, крстарења и целата музичка индустрија заедно.

12. Околу 1923 година, парите во Германија, толку многу ја изгубиле својата вредност, што граѓаните почнале да ги користат како тапети.

13. Нацистите фалсификувале британски фунти во вкупна вредност од 134.610.810 фунти. Планот било да ја дестабилизираат британската економија, а овие фалсификувани банкноти и до ден денес се сметаат за едни од најсовршено фалсификуваните пари во светот.

14. Мостовите и капиите кои се прикажани на банкнотите во евра, не ги прикажуваат вистинските градби, туку нивниот стил на градба.

15. Низ историјата, луѓето користеле различни облици на пари, а некои од најпопуларните биле сапун, какао, житарици, животинска кожа, пера, чај, тутун и уште многу други.

16. Во средниот век, витезите не сакале да носат со себе никаков вид пари (злато, сребро…) поради разбојниците. Наместо тоа, тие носеле специјални прстени. Кога витезот некаде требало да плати нешто, на пример, во гостилница, тој го оставал својот печат на парче хартија што гостилничарот потоа ја покажувал во дворецот и во замена за хартијата добивал пари.

17. Едно од првите забележани фалсификувања на пари се случило во 540 година п.н.е. кога Поликрат од Самос користел лажни златници да го исплати долгот кон Спартанците.

18. Денес во светот се употребуваат повеќе од 170 различни валути.

19. Во светот постојат повеќе од 1,6 милиони банкомати, кои од некоја причина, се најкористени во петок.

20. Само 8% од вкупните парични средства во светот се „физички пари“, останатото е во електронска форма.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Маријана е професор по македонски јазик и литература, којашто во слободно време ги истражува широките пространства на виртуелната култура.

Поврзани содржини

  1. nekoj Reply

    Низ историјата, луѓето користеле различни облици на пари, а некои од најпопуларните биле сапун, какао, житарици, животинска кожа, пера, чај, тутун и уште многу други … Ova ne e oblik na pari … nego e stokovna razmena sto se slucuvalo mng odamna … edna krava za 7 kila kakao … 2 ovci za pola kilo sapun … toa ne se pari … i mnogu se dvoite od drugive retaridrani sajtovi kao motika i slicno na podobro … ne bidete ocajni kako niv so vakvi glupi statii …

Остави коментар