20 цитати од Ван Гог кои ќе ве инспирираат

20 цитати од Ван Гог кои ќе ве инспирираат

Холандскиот уметник Винсент Ван Гог е познат по своите слики, но тој зад себе оставил и над 900 писма кои биле адресирани до други уметници или, најчесто, до неговиот сакан брат Тео. Овие писма ни даваат поглед во животот на уметникот, но и се извор на прекрасни цитати од кои уметниците се инспирираат дури и денес.

20 цитати од Ван Гог кои ќе ве инспирираат

„Рибарите знаат дека морето е опасно и бурата е страшна, но во овие опасности тие никогаш не нашле доволна причина да останат на брегот.“

„Успехот понекогаш е резултат од цела серија неуспеси.“

„Верувам дека секој може да успее и не треба да очајувате дури и при некој доживеан неуспех и дури и ако се чувствувате како да пропаѓате. Целта е да се воздигнете и да имате храброст, дури и ако работите не се онакви како што сте ги замислиле.“

„…Вистина е дека подобро е да се биде страстен, дури и ако правите грешки, отколку тесноград и претерано претпазлив.“

„Постои безбедност среде опасноста. Што би бил животот доколку не се осмелиме да ризикуваме?“

„…Доколку не сум добар сега, нема да бидам добар ни подоцна. Житото е жито, иако изгледа како трева на почетокот.“

„За големите нешта не е доволен само мотив, потребни се повеќе последователни мали нешта, здружени заедно.“

„Бидете добри кога животот е тежок, сѐ ќе си дојде на место подоцна. Никој не го добива посакуваното од самиот почеток.“

„Одличното не е случајно, тоа мора да биде направено свесно.“

„Сепак, чувството за уметност се развива и созрева дури подоцна низ самата работа.“

„Иако често сум во хаос, во мене има мир, хармонија и музика. И во најсиромашната куќичка, во највалканиот агол, гледам слики или цртежи.“

„Пешачете и сакајте ја природата бидејќи само така можете подобро да ја научите уметноста. Сликарите ја разбираат природата и ја сакаат, па нѐ учат нас останатите како да ја гледаме.“

„Според мене, две нешта се вистинити и се дополнуваат: не исцрпувај ги инспирацијата и моќта за имагинација, но и не станувај роб на моделот. Втората е: земи модел и изучувај го, инаку твојата замисла нема да добие материјална форма.“

„Погледот на ѕвездите ме принудува да сонувам.“

„Сѐ уште го немам, но го бркам и се борам за него. Сакам нешто сериозно, нешто свежо, нешто што има душа.“

„…Колку повеќе мислам (за љубовта), толку повеќе чувствувам дека нема ништо поуметничко од тоа да сакаш човек.“

„Срцето на човекот е како морето, има невремиња, има бранови, но во длабочината има и бисери.“

„Добро е да сакаш најсилно што можеш, бидејќи таму лежи вистинската сила, а тој што сака многу, исто така, е способен за многу, и тоа што се прави со љубов е добро сработено.“

„Сеќавањето на сѐ што сме сакале останува и се враќа во ноќите. Не е мртво, но спие.“

„Љубовта е нешто вечно. Аспектот може да се промени, но не и суштината.“

Следно, прочитајте ги овие 15 моќни цитати за животот, љубовта и мирот од Џон Ленон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар