20 актери кои поминале низ огромни физички трансформации за улога - Part 2

20 актери кои поминале низ огромни физички трансформации за улога

11. Џејк Гиленхал – „Ноќни хроники“

(11) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauza

Намалена тежина: 13 кг

„Знаев дека ако сум гладен, тогаш сум на вистинското место. Физички, беше очигледно како изгледам, но хемиски и психички, мислам дека беше уште поневеројатно патување. Ми беше тешко.“

12. Џејк Џиленхал – „Левак“

(12) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauza

Зголемена тежина: 20 кг (од претходно намалената тежина)

„Вежбав постојано и се доведов до состојба, која што јас како актер мислам дека е подготвеност за борење. Буквално ги учев сите вештини во боксот, што не се само за телото, туку и за умот. Не можете да глумите боксер и само да изгледате како боксер. Треба да верувате дека постоите во таквиот свет.“

13. Мет Дејмон – „Информатор“

(13) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauza

Зголемена тежина: 13 кг

„Ми беше многу лесно да си ја зголемам тежината. Ми беше и многу забавно, можеби најзабавниот период од моето работење, бидејќи не мораше да одам во салата за вежбање и јадев сѐ што ќе ми паднеше на ум.“

14. Џеред Лето – „Клубот на купувачи Далас“

(14) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauza

Намалена тежина: 18 кг

„Го менува начинот на кој одите, на кој седите и начинот на кој мислите.“

15. Џеред Лето – „Поглавје 27“

(15) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauza

Зголемена тежина: 30 кг

„Навистина, тоа е нешто глупаво. Се здебелив толку многу и холестеролот ми се покачи толку високо, што докторите мораа да ми дадат ‘Липитор’, што е лек за многу постари луѓе. Но сепак, фасцинантно патување.“

16. Фифти Сент – „Работите се распаѓаат“

(16) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauza

Намалена тежина: 24 кг

„Имав многу мускули и ми беше тешко да ја изгубам масата, дури и како што станував сѐ послаб и послаб. Почнав да трчам за да си го намалам апетитот. На крајот беше најтешко. Сепак, ако не успеев да се доведам до состојба доволно слична на онаа на мојот најдобар пријател пред да почине, тогаш немаше добро да ја пренесам пораката од приказната.“

17. Расел Кроу – „Тело од лаги“

(17) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauza

Зголемена тежина: 28 кг

„Ако сакате да си ја зголемите тежината, треба да изберете мрзелив начин на живеење. Во оној момент кога ќе престанете да бидете активни и ќе одлучите да јадете што сакате, тогаш овие две работи одлично и брзо ќе се искомбинираат.“

18. Колин Фарел – „Тријажа“

(18) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauza

Намалена тежина: 19 кг

„Ја изгубив тежината бидејќи тоа од мене го бараше улогата. Сѐ беше многу здраво.“

19. Роберт де Ниро – „Бесен бик“

(19) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauza

Зголемена тежина: 27 кг

„Првите 6 кг беа забавни. Останатите беа тешка и напорна работа.“

20. Крис Хемсворт – „Во срцето на морето“

(20) 20-akteri-koi-pominale-niz-ogromni-fizichki-transformacii-za-uloga-kafepauza

Намалена тежина: 6 кг (со претходно изгубена тежина од непознат број килограми за трилерот „Црна шапка“)

„Тоа беше единственото нешто за што разговаравме. Бевме 15 слаби мажи на морето и сѐ за што разговаравме беше нашата диета, кој изгубил повеќе килограми и кој изгледа најслабо. Смешно е!“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар