2 пати го победила ракот и се вратила во истата болница 20 години подоцна, но овој пат како медицинска сестра

2 пати го победила ракот и се вратила во истата болница 20 години подоцна, но овој пат како медицинска сестра

Сите знаеме дека ракот е најстрашното нешто што може да му се случи некому. 24-годишната Монтана Браун се уверила во тоа не еднаш, туку два пати. Таа имала редок вид на рак на сврзното ткиво кога била дете. Првиот шок настапил кога имала само 2 години. Родителите ја однеле во центарот за рак AFLAC во Атланта, Џорџија, каде што по 1 година хемотерапија, ракот бил во ремисија. Таа продолжила со нејзиното нормално и среќно детство, сѐ до следниот ужасен настан. Ракот повторно се вратил кога имала 15 години!

2 пати го победила ракот и се вратила во истата болница 20 години подоцна, но овој пат како медицинска сестра

Монтана повторно се вратила во AFLAC за да прима хемотерапија и повторно победила во битката со ракот. Сите овие тешки битки што ги преживеала ја инспирирале да стане медицинска сестра.

„Медицинските сестри беа многу нежни, грижливи и сочувствителни. Многу ми помогна љубовта што ми ја покажаа мене и на моето семејство, тогаш кога најмногу ни требаше. Ми помогна да станам исто толку добра, грижлива и сочувствителна како нив“, изјавила Монтана.

2 пати го победила ракот и се вратила во истата болница 20 години подоцна, но овој пат како медицинска сестра

Сега, работите се смениле и Монтана работи како медицинска сестра. Таа верува дека нејзиното тешко лично искуства со ракот ќе ѝ помогне да создаде посебна емпатична врска со децата кои се борат со рак и дека ќе стане нивен извор на надеж и инспирација.

„Навистина сакав да бидам човекот кој ќе каже ’Сосема те разбирам. И јас бев на твое место, но еве каде сум сега’“, открила таа.

2 пати го победила ракот и се вратила во истата болница 20 години подоцна, но овој пат како медицинска сестра

Нејзините емпатија, острученост и искуство ѝ даваат огромен ентузијазам на Монтана за нејзината нова работа.

„Не ни помислував дека на 24 години ќе го остварам мојот најголем сон: Да работам во болницата каде што се лекував како дете и тинејџерка. Тоа е неверојатно, лудо и прекрасно и многу сум возбудена што ќе работам за толку инспиративна организација“, напишала Монтана на нејзиниот Фејсбук профил.

Монтана е вистински борец кој докажува дека човечката сила е неверојатна, а можностите што ни ги нуди животот се бесконечни. Никогаш не се откажувајте од вашите битки, бидејќи токму победата можеби ќе ве одведе до остварувањето на вашите најголеми соништа.

Во продолжение, прочитајте ги овие 10 факти за ракот, една од најопасните болести на денешницата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар