19 нешта што ги помислуваат мажите, но не ги споделуваат со жените

19 нешта што ги помислуваат мажите, но не ги споделуваат со жените

Мажите и жените имаат многу сличности, но и разлики. Денес кога психологијата на половите е навистина популарна, можеби треба да почнеме да се разбираме едни со други малку подобро. Сепак жените сè уште претставуваат мистерија за мажите, но и мажите не им се многу јасни на жените. Па, прочитајте што кажале 19 мажи за нивните мисли што не ги споделуваат со жените.

19 нешта што ги помислуваат мажите, но не ги споделуваат со жените

„Ги разбираме жените многу помалку отколку што сакаме. Но истовремено, многу повеќе отколку што жените настојуваат да мислат.“

„Всушност, многу ги сакаме комплиментите, особено оние поврзани со нашиот изглед. На пример, ако добиеме комплимент за тоа дека ни стои брада, многу мажи ќе почнат редовно да ја носат.“

„Убавината е чисто субјективна перцепција. Поради ова, секој маж си има свои стандарди за женска убавина, исто како и секоја жена. Добро е да се види стереотипот за мерките 90-60-90, но тоа не значи дека секој маж сака да го гледа овој вид убавина секојдневно.“

„Многу мажи сметаат дека женската дебелина е привлечна. Па, престанете да претерувате обидувајќи се да ги постигнете високите стандарди.“

„Многу мажи имаат анксиозност и/или депресија, но нема да зборуваат за тоа и ќе бидат значително фрустрирани доколку го спомнете. Многу жени не разбираат дека нам ни е потребно подолго време да сфатиме како се чувствуваме за нешто. Повеќе отколку на повеќето жени. Дајте ни време да размислиме и ние ќе го спомнеме ако сакаме да разговараме за тоа. Но не обидувајте се да нè терате да бидеме емоционални, бидејќи повеќето мажи не се водени од нивни чувства.“

„Забележуваме несовршености во вашиот изглед, исто како што забележуваме и малку несреден дом. Но не сакаме и оваа ‘совршеност’ не ни е приоритет.“

„Воглавно, не ни е грижа каква облека имате. Најверојатно жените се опседнати што да носат не поради мажите, туку поради други жени.“

„Очајно сакаме да ни фрлате нешта наместо само да ни ги подавате. Сакаме да ја провериме брзината на вашата реакција и агилност. Кога фаќаме нешто во воздух, помислуваме: ‘Навистина сум кул!’“

„Има околу 3 милијарди жени во светот. А има и поатрактивни помеѓу нив кои се паметни и успешни помеѓу мажите. Се потсетуваме на ова кога некој бара многу од нас, а ни дава малку.“

„Преферираме природна убавина. Дури и ако сакате да скриете неколку несовршености со помошта на козметика, повеќе би сакале да ги оставите вашите пеги и лузни видливи, наместо да се обидувате да изгледате како ‘совршена’ жена.“

„Понекогаш едноставно сакаме да молчите. Потребна ни е тишина – токму поради тоа сакаме риболов толку многу! Секогаш имате по неколку мисли и идеи што сакате да ги споделите со нас. Понекогаш ова може да биде заморно, особено после напорен ден на работа.“

„И ние сакаме озборување… особено за жени!“

„Често не ни е грижа каде одиме да јадеме. Главниот критериум ни е вкусна храна и прифатливи цени. Па ве молиме, не терајте нè сами да одбираме.“

„Кога е во врска, мажот никогаш нема да ѝ каже на партнерката дека треба да промени нешто, како на пример да ослаби или дека супата што ја направила не е вкусна. ‘Сè е во ред драга. Ти си млада, фит и свежа, исто како пред 10 години и пред 2 деца’, би рекле.“

„Мажите сакаат повеќе иницијатива од вас бидејќи не сме телепати и не знаеме што точно сакате во овој момент. Наместо да погодуваме, би сакале да слушнеме колку-толку прецизен одговор.“

„Мажите имаат кутија во која одат нашите умови. Наречена е ‘кутијата ништо’. Сакаме да ставаме нешта во разни кутии – семејството е во една кутија, работата во друга, хобито во трета… Па, следниот пат кога ќе прашате маж за што размислува, а тој ќе ви рече ‘Ништо’, постои голема веројатност да ви ја кажува вистината.“

„Мажите ја сакаат нивната слобода, не да бидат ограничен. Личниот простор е важен фактор и за мажите и за жените. Жените не треба да го исполнат животот на мажите само со нив. Дајте им простор да бидат сами или да прават нешто што сакаат.“

„Мажите сакаат жените да бараат совети од нив. Мажот се чувствува задоволно кога се цени неговото мислење. Барајте совети од партнерот почесто и ќе забележите како вашата врска се зајакнува. Сепак, не претерувајте така што ќе го прашувате која боја на кармин да ја одберете или кои миризливи свеќи ги сака најмногу. Потребна е граница за сè.“

„Понекогаш и на мажот му е потребна поддршка што е незабележителна за него и што не му го допира егото. Да, се чувствуваме загрижено кога нешто не оди по план или кога не можеме да завршиме одредена задача. Никогаш нема да признаеме кога знаеме дека жената е во право. Признавањето на нашите грешки е еднакво на смрт за нас. Поради ова бараме најголема доверба кога признаваме дека сме погрешиле или кога се жалиме за нешто.“

Дознајте и што помислуваат мажите кога ќе ја запознаат својата сродна душа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар