19 моќни цитати од Ник Вујичиќ
Ник Вујичиќ е еден од вистинските суперхерои во светот. Роден со редок физички инвалидитет, без раце и нозе, Ник долго учел како да биде среќен без оглед на околностите. Денес, неговата храброст дарува надеж за сите луѓе кои немаат мотивација да продолжат понатаму. Во продолжение прочитајте неколку цитати од неговата книга „Живеејќи слободно“ кои ја величаат вредноста на себеизградувањето и вербата во сопствената сила.
„Што мислите вие дека треба да изберам: Да бидам лут на Бога за тоа што го немам или да му бидам благодарен за тоа што вие го имате?“
„Мојата цел е да ве охрабрам да ги пребродите сите свои проблеми и потешкотии, за да можете да го пронајдете својот пат до посреќен живот. Одречете се од животот со самосожалување и заменете го за живот со цел.“
Запомнете – акцијата предизвикува реакција. Кога сте во искушение да ги напуштите своите соништа, натерајте се да се обидете само уште еден ден, уште една недела, уште еден месец, уште една година… Ќе бидете изненадени од тоа што се случува кога константно одбивате да се откажете.“
„Предизвиците постојат за да ги зајакнат нашите уверувања, а не за да нè прегазат.“
„Ако не можете да добиете чудо, станете чудо.“
„Кога ви се чини дека среќните моменти ве заобиколуваат, створете сами таков момент.“
„Никогаш не сум сретнал огорчена личност која била благодарна. Ниту благодарна која била огорчена.“
„Не се важни неуспесите, туку тоа дали ги надминувате.“
„Мотивацијата ве води низ денот, но инспирацијата ве води низ животот.“
„Можеби немам раце со кои би можел да ги држам рацете на својата жена, но за да го држам нејзиното срце не ми требаат раце. Нејзиното срце е она што сакам да го држам.“
„Постојат два типа промена кои имаат тенденција да го нарушат начинот на живот на кој сме се навикнале. Првите се промени кои ни се случуваат нам. Другите се оние кои се случуваат без нас. Првите не можеме да ги контролираме. Но, можеме и треба да ги контролираме другите.“
„Стравот е поголем инвалидитет од немањето раце и нозе.“
„Не е крај сѐ додека вие така не одлучите.“
„Во што е поентата да бидете целосни однадвор, а празни однатре?“
„Ризикот не е само дел од животот. Ризик е самиот живот. Помеѓу зоната на удобност и зоната на вашите сништа е местото каде се одигрува вашиот живот. Тоа е зона на висока анксиозност, но и место на кое откривате кои сте.“
„Сѐ што би направил за себе, направи и за другите. Ако малиот чин на сочувство стане твоја секојдневна навика, ќе се чувствуваш силен и ослободен од своите болки и разочарувања. Не треба да очекувате корист од великодушните дела, но добрите дела можат да ве доведат до изненадувачки награди.“