19 маки на девојките кои мразат и се мрзливи да се шминкаат
Шминката нѐ прави поубави и ни дава самодоверба, но некои девојки едноставно не ја сакаат и/или се премногу мрзеливи да ја нанесуваат. Без разлика што е во прашање, тие секојдневно се соочуваат со овие тортури.
1. Смртно сте исплашени од туторијалите за шминка. „Еј?! Како им успеа тоа?! Каде им е лицето?! Како успеа да се нашминка за помалку од 5 минути?!“
2. Последниот пат кога се обидовте да направите „зачадени очи“ изгледавте како некој да ве нокаутирал.
3. Понекогаш луѓето ви даваат комплименти бидејќи мислат дека не носите шминка затоа што имате голема самодоверба, а вистината е дека сте премногу мрзеливи да се нашминкате.
4. Кога веќе носите шминка, премногу сте уморни да ја тргнете навечер и утредента се будите како панда во очите.
5. Следниот ден луѓето ќе ви речат „Носиш шминка два дена по ред? Браво!“ и едноставно сакате да уживате во моментот, па немате срце да им ја кажете вистината – дека тоа е шминката од вчера.
6. Што е контурирање? Звучи како метод на мачење од Средновековието.
7. Во вашата глава хидратантната крема се смета за шминка.
8. Премногу сте ѝ љубоморни на Мулан кога ќе ја извади шминката во еден потег. НЕ Е ФЕР! НЕ Е ТОЛКУ ЛЕСНО! ДИЗНИ ВЕ ЛАЖЕШЕ!
9. Кога носите шминка некои луѓе знаат да ви речат нешто во стилот „Кога сакаш, изгледаш прекрасно“. Би испаднале некултурни ако возвратите со „замолчи“.
10. Одвреме-навреме, во обична продавница ќе пронајдете производ кој ве наведува да помислите дека можеби шминкањето е лесно. Можеби точно таа маскара или туш за очи ќе промени сѐ и ќе ве натера да се шминкате секој ден.
11. Го испробувате тој продукт следните два дена и потоа се откажувате. Не вреди да изгубите половина час сон поради шминкање.
12. Не ви е јасна разликата помеѓу течна пудра, пудра за основа и коректор, а и никогаш нема да ви биде. Вашите пријателки стотина пати се обиделе да ви ја објаснат разликата, но вам вообичаено некаде на половина од објаснувањето ви здосадува и престанувате да слушате.
13. „Многу ќе беше поубава ако редовно носеше шминка“ – кога ќе го слушнете ова ви доаѓа да возвратите „Леле ти благодарам! А ти ќе беше поубав/а да имаше подобар карактер.“
14. Нема апсолутно ништо полошо од тоа кога додека ги триете очите ви текнува дека носите шминка. Кога ќе ви влезе нешто во око, стоите вкочанети и изгледате како да сте на раб од нервен слом зашто знаете дека НЕ СМЕЕТЕ ДА ГИ ДОПРЕТЕ ОЧИТЕ.
15. Некогаш луѓето си мислат дека затоа што не носите шминка, вие протестирате против општеството. Вистината е дека шминката си е супер и немате никакви проблеми со општеството. Проблемот се појавува кога луѓето прават да се чувствувате чудно само затоа што не ви се допаѓа да носите шминка.
16. Најчесто кога сами се шминкате, крајниот резултат изгледа како Урсула од „Малечката сирена“.
17. Карминот, сјајот за усни и сите останати продукти за уста ви се фасцинантни. „Како успева да не избледи?“ „Што ако случајно го изедам?“ „Што да правам кога очајно сакам да јадам чизбургер, но не сакам лепчето да го ‘закачам’ со кармин?!“ Овие прашања премногу често се вртат во вашата глава.
18. Ако некогаш ве шминка професионалец, ќе се обиде да ви објасни што прави и што користи во процесот. Вообичаено тие се љубезни и услужливи и затоа само ќе им се насмевнете и ќе им кимнувате после секој нивен збор. Сепак, во главата си знаете дека никогаш нема да запомните што кажале нити пак ќе успеете тоа да го спроведете на дело.
19. Без разлика што зборуваат луѓето, вештачките трепки се најстрашното нешто кое постои на планетава.