19 фитнес ѕвезди кои сите ги следат на Инстаграм
Доколку не ги познавате овие имиња, тогаш дефинитивно веднаш треба да ги запознаете. Овие силни жени кои објавуваат фотографии и видеа од нив како креваат тешки тегови и покажувајќи ги своите неверојатно исцртани тела можат скоро инстантно да ве натераат да започнете со вежбање. Па, ајде, ако ви е потребна мала фитнес мотивација, веднаш заследете ги…
1. Крисмас Абот
Доколку имате сомнежи за способностите на жените кои креваат тегови, тогаш оваа девојка која има 245.000 следачи ќе ви покаже дека ништо не е невозможно.
2. Аманда Биск
Оваа Австралиска божица има повеќе од 339.000 следачи. Таа е психолог за вежбање, јога инструктор и тренер која нема да ве остави рамнодушни.
3. Каиса и Џенифер
Каиса е магистер во науката за вежбањето, додека пак Џенифер е специјалист нутриционист. Заедно тие имаат 354.000 следачи.
4. Кејси Хо
Кејси е верификуван фитнес инструктор и тренер за пилатес која има над 963.000 следачи на Инстаграм. Нејзините фотографии ќе ве научат на интересни пилатес движења, надополнети со здрава исхрана.
5. Џенет Џенкинс
За нејзините 286.000 следачи, таа објавува мотивациски цитати и голем број фотографии од фитнес центри и други интересни локации за вежбање.
6. Емили Скај
Прекрасниот модел од Австралија која неодамна станала личен тренер има над 919.000 следачи и одлични фотографии од цврсти стомачни мускули.
7. Лита Луис
Лита објавува видеа за вежбање со мотивациски цитати кои позитивно влијаат врз своите 332.000 следачи ширум светот.
8. Џенел Салазар
Таа не само што е инструктор за фитнес, туку истовремено е и мајка која на своите 363.000 следачи им дава одлични и креативни идеи за вежбање.
9. Лајзабет Лопез
Околу 1,8 милиони следачи се опседнати со неверојатниот изглед на оваа инструкторка од Канада. Нејзиното тело има форма на песочен часовник и тоа една од најголемите причини зошто привлекува внимание насекаде ширум светот.
10. Мејси Арија
Позната по своите мотивациски цитати и позитивно однесување, овој верификуван тренер има неверојатни 1,7 милиони следачи кои секојдневно бараат совети од неа.