19 добри работи што ѝ се случија на нашата планета досега во 2019 година
Нема потреба да ви кажеме дека светските вести во моментов се прилично лоши. Ако сте на социјалните мрежи, невозможно е да ги избегнете објавите за криминалот, сиромаштијата и глобалното затоплување. Но, покрај овие несреќи, сепак постојат луѓе кои прават добри нешта во светот и не добиваат доволно медиумско внимание кое го заслужуваат. Па како потсетник дека не е сè уништено, еве неколку прекрасни работи кои се случија во првата половина на 2019 година.
1. Многу компании почнаа да применуваат регенерација
Според некои анализи, нашата почва може да се справи само со уште околу 60 години од традиционалното земјоделство пред да биде целосно неупотреблива. Затоа започнувањето со регенеративното земјоделство, кое ги имитира процесите во природата за подобрување на здравјето на почвата и извлекување на јаглерод од атмосферата, денес е многу поитно од кога било порано. Во почетокот на 2019 година, Еплгејт ја објави својата нова линија на регенеративно направени колбаси. Динамиката продолжува да расте со установувањето на обележана храна која се добива со користење на овие практики.
2. Владата на ЕУ зазеде став за пластичното загадување
Во обид да се намали проблемот со пластика во нашите океани (што за жал сè уште само се влошува), Европската унија изгласа за забрана на 10 категории на пластика за еднократна употреба, како прибор за јадење, сламки и слично, од земјите-членки до 2021. Друга интересна иницијатива што ЕУ ја тестира е моделот „загадувачот да плаќа“, во кој тутунските компании ќе треба да ги финансираат екипите за расчистување на пикавците во јавните места.
3. Њујорк ги забранил кесите
Додека зборуваме за еколошки забрани, Њујорк, по Калифорнија, оваа година стана втората држава со забрана за еднократна употреба на пластичните кеси. Исто така, ќе им биде дадена можност да продаваат кеси по цена од 5 центи, при што приносите ќе одат во државниот фонд за заштита на животната средина.
4. Децата проговорија
Под водство на 16-годишната шведска активистка Грета Тунберг (која неодамна се најде на листата со топ 10 жени за спасување на планетата), повеќе од 1,4 милиони студенти низ 123 земји ги напуштија училиштата на 15 март. Тие беа опремени со знаци за предупредување кои гласеа: Стоп за глобалното затоплување и не си играјте со мојата иднина. Младите демонстранти ги поттикнаа владите во светот да ја забават употребата на фосилни горива и да ја одржат планетата безбедна за нивната генерација. Ако овие деца се некаков знак, нашата иднина е во добри раце.
5. Порторико постави нов отпорен стандард
Како последица на ураганот Марија, во Порторико се обновија посилни и поотпорни заедници. Ако сè оди по план, до 2050 година островот ќе работи на 100-процентна обновлива енергија со помош на масивна соларна мрежа.
6. Компаниите потпишаа за рециклирање
Во не толку далечна иднина, ќе можете да нарачате предмети за домаќинство, како додатоци за чистење и сладолед во рециклирано пакување што ќе се собере од вашиот праг откако ќе завршите со него. Сето тоа е благодарение на „Loop“, нова иницијатива на компанијата за рециклирање „TerraCycle“ која сака да направи пакување за еднократна употреба и веќе има откуп од главните „играчи“ како Унилевер, П & Г и Пепси Ко.
7. Рецептите за посета на парк станаа нешто нормално
Лекарите низ целата планета продолжуваат да го препорачуваат новиот вид „лекови“ кои не доаѓаат во вид на пилула. Постои зголемен интерес за програмите „Park Rx“ кои препорачуваат поминато време на отворено во локалните паркови како противотров за вообичаени заболувања на денешницата, како што се хипертензија, дијабетес и анксиозност. Како што науката и медицината продолжуваат да потврдуваат дека времето поминато во природата е одлично за нашето здравје, поголем акцент би можел да се стави на иницијативата за повеќе достапни зелени површини.
8. За еден ден, онлајн шопингот беше претворен во јаглерод неутрален
На 28 февруари Етси објави дека ќе почне да ги праќа сите свои пратки од онлајн нарачките како јаглеродно неутрални, инвестирајќи во проекти кои ќе влечат загаден воздух со помош на стаклени градини од животната средина. И не само тоа, тие исто така ќе ја преземат сметката за целата индустрија во електронската трговија на еден ден. Компанијата проценува дека тоа за само еден ден е еднакво на намалување на 11.965 автомобили од патот за една година.
9. Националните паркови добија ѕвезда за нивното одржување
На Оскарите во 2019 година, националните паркови на САД ја освоија наградата за најдобар документарен филм. Океј, технички наградите отидоа на режисерите Џими Чин и Елизабет Чаи Васарели, алпинистот Алекс Хонолд, и целата екипа која стои зад филмот „Слободен соло“ (Free Solo). Но, националниот парк Јосемит, со сета своја слава, служеше како позадина во поставувањето на рекордот за искачување на Хонолд и служеше како прекрасен потсетник дека сè е можно во природата. Како што Чин изјави во својата епизода на подкастот на МБГ, „Идејата за доброто и мирот треба да проникнува во нас самите, во нашето семејство и во животната средина.“
10. Сончевата енергија и енергијата од ветерот станува сè побарана
Официјално е! Една третина од енергијата во светот доаѓа од обновливи извори, а 75 проценти од производството на јаглен е поскапо од енергијата од сонцето или ветерот. Како ви се чини овој доказ дека обновливата енергија го презема светот?
11. Компаниите промовираат состојки кои ѝ даваат придобивки на планетата
Кернза е зрно чии длабоки корени се протегаат 10 метри под земја, што го прави особено ефективно за повлекување јаглерод диоксид од атмосферата, како и за неговото чување под земјата. Моментално, постои акција за донесување на оваа еколошка суперхрана за луѓето. Дури оваа година, Патагонија Провизионс почнаа со производство на пиво со користење кернза.
12. Бургер Кинг го направи невозможното
Пред неколку месеци, синџирот на брза храна објави дека ќе соработува со „Невозможна Храна“ за да ја донесе вегетаријанската маса во посебни продажни места, почнувајќи од Сент Луис. Еве надеж дека хамбургерот полека ќе исчезне и државите со големи синџири за исхрана ќе направат поголема достапност за луѓето кои се хранат со растителни производи.
13. Скокна продажбата на облека од втора рака
Според едно истражување за препродавање на модата, пазарот за облека од втора рака е во подем. Всушност, нивниот неодамнешен извештај вели дека пораснал 21 пат побрзо од трговијата со традиционална облека во текот на изминатите 3 години и во моментов вреди околу 24 милијарди долари. Купувањето на помалку нови работи е еден загарантиран начин да го намалите влијанието врз животната средина.
14. Финска се обврзала да го отстрани јагленот во рок од 10 години
Финска долго време планира да го отстрани јагленот надвор од нејзината економија, а финскиот парламент е толку уверен дека ќе се случи тоа што тие гласаа да го сменат временскиот рок за време од една година. Па така, од 1 мај 2029 година, земјата ќе произведува енергија од алтернативни извори. Како што пренесуваат изворите, моменталната електричната енергија која доаѓа од јаглен изнесува 8 проценти.
15. Училиштата во Њујорк исклучија месото
Децата од Нујорк повеќе нема да се хранат со месо во училиштата во првиот ден од неделата, односно во понеделник. Градоначалникот Бил де Бласио изјавил дека почнувајќи од следната година, ниедно јавно училиште нема да служи месо во кафетериите во понеделник, промена која ќе допре до 1,1 милиони студенти. Њујорк ќе се приклучи на 100 други училишта кои се обврзуваат на ваков пријателски однос кон околината.
16. Делењето превоз стана „позелена“ работа
Во почетокот на оваа година, апликацијата за делење превоз Lyft, објави „Зелена Состојба“ во одредени градови, која им дава опција на патниците да одберат електрично возило како дел од компанијата која се залага со возењето да биде јаглерод неутрално. Во комбинација со електрични скутери и понуда на велосипеди, веќе имаме свет во кој превозот предизвикува минимално загадување.
17. Ни доаѓаат нови 100 милиони дрва ни
Кампањата „Време за дрвја“ и фондацијата „The Arbor Day“, се посветија на садење 100 милиони дрва, со надеж за отстранување на 578.000 тони хемиско загадување од воздухот. Организацијата почнува да вклучува заедници кои ќе регрутираат 5 милиони садачи на дрва од целиот свет.
18. Американските национални паркови имаа голема победа
Во март се установи закон кој ќе ги заштити пустинските области во сите 50 држави, ќе ја затвори областа надвор од Националниот парк Јелоустоун до рударството и ќе воспостави важен федерален конзерваториски фонд. Иако имаме долг пат да ги заштитиме националните паркови ширум целиот свет, ова беше чекор напред во вистинската насока.
19. Светот доби нов, убав магазин фокусиран речиси целосно на климатските промени
Гледајќи ја минималистичката насловна страна на Атмос, би помислиле дека тоа е само уште едно списание за високата мода. Но, отворете го и ќе најдете стотици страници исполнети со приказни за тоа како луѓето низ целиот свет се справуваат и се борат против климатските промени. Инспирацијата е пронајдена.
Автор: Ана Патриклиева