19 цитати за љубовта кои покажуваат дека нашата светлина е најсилна во темнината

19 цитати за љубовта кои покажуваат дека нашата светлина е најсилна во темнината

Понекогаш треба да нурнеме навистина длабоко во себе за да ја видиме нашата светлина. Откривајќи ја неа, откриваме и темнина за која можеби не сме биле свесни дека постои. Ова е парадокс кој може да предизвика хаос, но овие нешта не можат да постојат едно без друго. Без разлика како се чувствуваме во овој момент или следниот, секогаш можеме да љубиме безусловно.

19 цитати за љубовта кои покажуваат дека нашата светлина е најсилна во темнината

„Да, се сакам. Не сè, но го сакам и доброто и лошото. Го сакам мојот луд животен стил и ја сакам мојата строга дисциплина. Ја сакам мојата слобода на говор и начинот на кој ми потемнуваат очите кога сум изморен. Го сакам тоа што научив да им верувам на луѓето со срцето, дури и ако ми го скршат. Горд сум на сè што сум и на сè што ќе станам.“ – Џони Вир

„Кога велам дека те сакам повеќе, не велам дека те сакам повеќе отколку што ме сакаш ти. Тоа значи дека те сакам повеќе од лошите денови пред нас, те сакам повеќе од која било расправија што ќе ја имаме. Те сакам повеќе од растојанието помеѓу нас, те сакам повеќе од секоја пречка што ќе застане меѓу нас. Те сакам најмногу.“ – Непознат автор

„Вашата задача не е да барате љубов, туку да ги најдете сите пречки во вас кои сте ги изградиле против неа.“ – Руми

„Љубовта ги трга маските без кои мислиме дека не можеме да живееме и нè учи дека не можеме да живееме во нив.“ – Џејмс Болдвин

„Најубавите луѓе се оние на кои им е познат поразот, страдањето, загубата и кои го пронашле патот надвор од длабочините. Овие луѓе имаат чувствителност и разбирање за животот кое ги полни со сочувство, нежност и љубов. Убавите луѓе не се случуваат туку-така.“ – Елизабет Кублер-Рос

„Штом ќе прифатат дека и помеѓу најблиските луѓе продолжува бескрајната оддалеченост, може да се роди нешто прекрасно ако успеат да ја засакаат оддалеченоста помеѓу нив која им помага да го видат целото.“ – Рејнер Марија Рилке

„Потребна е храброст да се љуби, но болката преку љубовта е огнот кој чисти и кој го знаат оние кои сакаат дарежливо. Сите знаеме луѓе кои се премногу исплашени од болката што се затвораат како школки, не даваат ништо, не добиваат ништо и мислат дека животот е само жива смрт.“ – Елеонор Рузвелт

„Од сите страсти, љубовта е најсилна бидејќи истовремено ги напаѓа и главата и срцето и сетилата.“ – Лао Це

„Кога ќе прифатите дека не постои ништо што не е дел од вас, дека не постои никој кој не е дел од вас и дека секоја осуда е осуда кон вас, секоја критика е критика кон вас, мудро ќе научите да љубите безусловно, а тоа ќе биде светлината во светот.“ – Хари Палмер

„Тоа беше нејзината магија, можеше да го види зајдисонцето дури и во најмрачните денови“ – Атикус

„Чувајте ја љубовта во вашето срце. Животот без неа е како градина без сонце во која цвеќињата се мртви.“ – Оскар Вајлд

„Љубовта е неприпитомена сила. Кога се обидуваме да ја контролираме, нè уништува. Кога се обидуваме да ја затвориме, нè поробува. Кога се обидуваме да ја сфатиме, нè остава изгубени и збунети.“ – Пауло Коелјо

„Одлучив да се држам до љубовта. Омразата е преголем товар.“ – Мартин Лутер Кинг Џуниор

„Кога некој вистински ве сака – имате сила, кога сакате некого вистински – имате храброст.“ – Лао Це

„Здравата љубов кон себе значи дека немаме потреба да се оправдуваме за нашите одмори, за спиењето до доцна, за новите чевли. Се чувствуваме удобно правејќи ги нештата кои додаваат квалитет и убавина на животот.“ – Ендру Метјус

„Колку подлабоко навлегува очајот во нашето тело, толку повеќе радост може да содржи. Зарем чашата која го држи вашето вино не била изгорена додека ја правеле? Зарем флејтата не е направена со нож? Кога сте среќни, погледнете длабоко во вашето срце и ќе откриете дека токму она што ве прави очајни ви дава и радост. Кога сте очајни повторно погледнете во срцето и ќе ја видите вистината дека жалите за нешто убаво.“ – Калил Гибран

„Темнината не може да ја избрка темнината, само светлината го може тоа. Омразата не може да ја избрка омразата, само љубовта го може тоа.“ – Мартин Лутер Кинг Џуниор

„Ние луѓето сме многу измачувани поради тоа што не можеме правилно да одредиме што нè прави среќни.“ – Атикус

„Штом ќе го почувствувате летот, засекогаш ќе одите по Земјата со погледот свртен нагоре, бидејќи сте биле таму и секогаш ќе сакате да се вратите.“ – Леонардо да Винчи

Прочитајте ги и овие неверојатни цитати за безусловната љубов кои ќе ви го променат животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар