18-те нешта што Фејсбук ги следи и ги знае за вас

18-те нешта што Фејсбук ги следи и ги знае за вас

Во април оваа година основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, сведочеше пред Конгресот за скандалот Кембриџ Аналитика. На судењето тој изјави дека неговиот тим ќе даде детален одговор на прашањата кои тој не можеше да ги одговори во целост. Вo понеделникот, Конгресот издаде голем документ со запишани одговори на овие прашања. Одговорите се добар потсетник дека Фејсбук има премногу информации за сите свои корисници. Во продолжение погледнете што сè Фејсбук знае за вас.

18-те нешта што Фејсбук ги следи и ги знае за вас

1. Информации од компјутери, телефони, поврзани телевизори и други направи поврзани преку Интернет. Исто така го знае вашиот Интернет провајдер и мобилен оператор.

2. Движењето на глушецот на вашиот компјутер.

3. Имиња на документи и апликации, како и видовите на фајлови што се наоѓаат на вашите направи.

4. Дали прозорецот од пребарувачот на којшто ви е отворен Фејсбук е приоритет или не. Исто така се забележуваат времето и должината на активностите, како и колку често го отворате профилот.

5. Информации за достапни Wi-Fi мрежи во близина и приемници. Јачината на сигналот и информации како вашата IP адреса, GPS сигналот на вашиот уред и вашата Интернет конекција.

6. Информации за други уреди што се во ваша близина или на истата мрежа.

7. Нивото на батеријата.

8. Слободна меморија на уредите.

9. Инсталирани плагини.

10. Брзината на Интернет конекцијата.

11. Купување од веб-сајтови кои не се поврзани со Фејсбук.

12. Информации за контактите, односно листата на контактите на вашиот телефон. Кај корисниците на Андроид ја знае и целата историја на повици и СМС пораки ако сте се синхронизирале со профилот за да најдете „Луѓе што можеби ги знаете“.

13. Информации за тоа како ги користите алатките на вашата камера. Од Фејсбук објасниле дека за да можат да овозможат работи како ефекти на камерата, тие ја добиваат сликата од камерата, ја испраќаат на нивниот сервер и генерираат маска или филтер.

14. Локација и дата на настанување на фотографијата или некој документ.

15. Информации од нагодувањата на вашата направа како ГПС локација, камера и фотографии.

16. Информации за вашите онлајн и офлајн активности и купување.

17. Идентитетот на вашата направа, како и други идентификатори од игри, апликации и кориснички профили.

18. Кога другите споделуваат или коментираат на фотографија од вас, ви праќаат порака, прикачувате или ги синхронизирате вашите информации за контакт.

Фејсбук собира премногу лични податоци за вас кога го користите, кога сте во близина на други што го имаат инсталирано или кога се најавувате од други направи, како од вашиот телевизор.

Многу често е веб-сајтовите да го следат движењето на вашиот глушец – на овој начин функционира верификацијата „I am not a robot“. Она што е уникатно кај Фејсбук е колку многу собира од направите и веб-сајтовите што ги користите дури и кога не сте најавени на него.

Во пишаниот одговор до Конгресот, Фејсбук ги одбил гласните дека ги слуша нашите разговори преку микрофоните на нашите направи. Односно, апликацијата не собира податоци од микрофонот и камера без ваша дозвола.

Погледнете и како да го симнете документот што Фејсбук го чува за вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар