18 проблеми со кои се соочуваат вегетаријанците
Ова се дел од проблемите со кои речиси секојдневно се соочувате доколку не јадете месо. Некои се смешни, други трагични, а најчесто сите овие ситуации ужасно ви одат на нерви.
1. Вашите пријатели „месојадци“ гласно му објаснуваат на келнерот дека не јадете месо додека вие црвенеете.
2. Преку глава ви е да слушате како ви солат памет за внесување протеини и железо, луѓе на кои едната рака им е речиси секогаш во вреќичка чипс и кои не слушнале за зеленчук.
3. Некогаш луѓето со кои јадете почнуваат да се правдаат себеси зошто јадат месо. Всушност, тоа што не јадете месо не мора да значи дека сте организатори на протести против убивањето на животните.
4. Најчесто претпоставуваат дека штом не јадете месо најверојатно вежбате јога, се храните здраво и медитирате три пати на ден. А вистината е дека го завршувате денот со неколку чаши вино и пржени компирчиња.
5. Оние со кои се запознавате почнуваат да ви поставуваат прашања од типот на: Зошто не јадеш месо? Бидејќи ги сакаш животните? А што јадеш ако не месо? И да, често во мислите ве споредуваат со Фиби од „Пријатели“.
6. Оние кои ве изнесуваат на вечера знаат да бидат претерано претпазливи во изборот на ресторан, што ве прави да се чувствувате како „посебен случај“.
7. Ви се случило да заглавите во ресторан во кој буквално нема што да порачате, па порачувате повеќе леб на масата. Не е исклучок и ситуацијата кога безброј пати нагласувате да го изостават месото во вашата порција, но на крај, некако магично, имате месо во јадењето.
8. Пријателите ве гледаат чудно, дури и ве осудуваат доколку носите кожа или крзно.
9. Мислат дека не јадете месо бидејќи сте на некаква диета и се обидувате да ослабнете. Придружено со тоа добивате совети дека имате сосем нормална тежина и дека не би требало да слабеете.
10. Големите празници се кошмар за вас. Имате ужасна желба да се прикрадете до фрижидерот и да си намачкате леб со маргарин, но знаете дека покрај мама и баба тоа е просто невозможно.
11. Кога патувате во големи групи или кога се организира групен ручек, најчесто сте единствените или дел од ретките кои имаат забелешки и мора да нагласат дека не јадат месо, што другите го разбираат како пребарување и размазеност.
12. Пријателите ви бараат совети за тоа како да држат зеленчукова диета иако вие не сте на никаков посебен режим на искрана.
13. Луѓето мислат дека јадете зелени лисја по цел ден.
14. Може да ви биде поставено прашање како на пример: Како тоа твојот/ата дечко/девојка јаде месо?!?
15. Пријателите може да си постават предизвик кој ќе успее да ве натера да пробате свинско.
16. Ако си женско, мајка ти, баба ти и нивните пријателки те прашуваат како планираш да си ги храниш децата? Дали ќе им го пренесеш „вегетаријанството“? Ама кога ќе бидеш трудна ќе мора да пробуваш секакви видови месо за и детето да јаде месо.
17. Ве прашуваат дали сте вегани… или можеби припадници на некоја секта???
18. Ве прашуваат дали сланината и вас ви мириса убаво.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
ТАКА Е ЕЛИ ЈАС СУМ ВЕГЕТАРИЈАНКА.
АКО НЕКОЈ САКА ДА ДОБИЕ ОДГОВОР НА ОВИЕ ПРАШАЊА МОРА ДА БИДЕ ВЕГЕТАРИЈАНЕЦ,БИДЕЈКИ КАЖАНИОТ ОДГОВОРОТ НЕМА НИКОГАШ ДА ГО СВАТИ.
Значи немам ништо против вегетаријанците, но не разбирам зошто и како станале вегетаријанци, сигурно додека биле деца тие јаделе месо, па кога порастиле си рекле: “Јас од денес нема да јадам повеќе месо”?
Ели, или како и да се викаш…
-Пребарување значи темелно барање на нешто.
-Пребирање значи кога некој премногу бира од што е потребно.
Се надевам дека и ти научи нешто ново денес, па во иднина ќе не удостоиш со пописмени текстови како што му доликува на еден јавен интернет портал.
Поздрав!