18 причини поради кои не сакате повторно да имате 18 години
На прв поглед, 18 изгледа како убав број, но сепак, крие толку многу замки на младоста на кои денес сигурно се сеќавате со ужас. Можеби не постои голема разлика помеѓу 18 и 28 години, но таа една бројка носи толку животни мудрости поради кои се заблагодарувате што сте „остарени“. Сега, кога повеќе немате 18 години, не морате да:
1. Одите во средното училиште кое толку многу го мразевте. Дали поради луѓето, дали поради учењето и домашната работа, дали поради неважните предмети и лекциите на кои повеќе не се сеќавате, а толку ве мачеле за да ги научите. Секако, чест на исклучоците кои го сакале овој период на созревање, бидејќи сигурни сме дека тие сега попрво би учеле латински отколку да одат на работа.
2. Размислувате за тоа што луѓето го мислат за вас. Тогаш ви било важно да бидете кул тинејџер/тинејџерка, а денес? Денес сте созреан/а, самостоен/самостојна и самоуверен/а маж/жена што знае што сака и знае каде припаѓа. Кому му е гајле што зборуваат помалите и поневажните од вас.
3. Со часови се подготвувате пред да излезете од дома. Секако, сакате да бидете убави (најпрво за себе, а потоа за другите), но сега сепак малку повеќе ви е грижа за сонот и добриот одмор. Денес лесно можете целосно да се подготвите дури и за половина час.
4. Имате очаен вкус за мажи и жени. Некои работи едноставно повеќе не ве возбудуваат. И добро е што е така.
5. Живеете со родителите, но не го сакате тоа. Штом ви се пружи прилика, дали е студирање или работа, можете да си заминете од дома и да го испробате самостојниот живот. Ако мислите дека сега ви е тешко, сетете се колку сте се нервирале кога родителите секој пат ќе ве прашале: „А, кога се враќаш дома?“
6. Правите драма од сѐ. Кому му е гајле дали ви се скршил нокотот? Или дека вашите бивши ви зборувале нешто зад грб? Или дека вашите пријатели меѓусебно не се поднесувале? Добро, не дека сѐ е неважно, но денес има толку многу поважни работи што овие не ги ни забележувате…
7. Се преправате дека ја познавате шминката, а секогаш одбирате погрешна боја на пудра. Сега навистина го знаете тоа!
8. Донесувате глупави одлуки за кои не сфаќате дека се глупави. Без разлика на вашите размислување, денес свесни сте кога ќе направите нешто глупаво. Добро, сте се обиделе, не сте успеале, сте ја научиле лекцијата, и нема да го правите тоа повеќе.
9. Одите на матурска забава. Дури и да сте биле крал/кралица на матурата, знаете колку било стресно да се подготвите. А, замислете како им било на оние кои не биле толку популарни.
10. Пиете како луди. Можете и сега да го направите истото, но сепак ја знаете вашата граница и знаете колку ви пријае, а колку не. И знаете дека не сакате да имате мамурлак следното утро.
11. Многу сте несигурни. Кога сте млади, глумите самоувереност, а всушност сѐ ве плаши. Но, и понатаму глумите. Сега сте посамоуверени, бидејќи сте постари и поискусни. Исто така им се препуштите на чувствата, дури и ако делувате слабо и ранливо.
12. Се однесувате грозно со вашите родителите. Сега сфаќате колку ви значат.
13. Мислите дека сѐ се врти околу вас. Но, не сте секогаш центар на вниманието и не секогаш се зборува за вас. За чудо, сега ви одговара тоа.
14. Незаинтересирани сте. Тоа не е во ред. Во ред е кога имате хоби, кога имате интереси, а не кога ништо не ве интересира.
15. Се дружите со личности кои не ви одговараат поради нејасни причини. Доволно е кажано, денес ги чувате само вистинските пријатели.
16. Преминувате од врска во врска не знаејќи што навистина сакате. Сега знаете што сакате. Сфативте и научивте, на овој или на оној начин. Сега имате приоритети.
17. Неодговорни сте. Сега знаете што треба да правите, и знаете кога не сте во право, или барем се обидувате да не биде така.
18. Лажете. Признајте, бидејќи на девојките од 18 години секој втор збор им е лага. Сега не сакате да се оптоварувате со криење на вистината. Кој ќе го памти тоа?
Знаете ли дека сме деца сè додека не наполниме 24 години?