18 популарни митови кои воопшто не се вистинити
13. Виткањето на јазикот е генетско
Едно истражување пред повеќе од половина век докажало дека овој „талент“ не е генетски наследен. За време на истражувањето се забележало дека 54% од децата на возраст од 6-7 години, и 76% од децата од 12 години ја имаат оваа способност.
14. Мовта расте само на северната страна на дрвјата
Ова не е вистина. Всушност, мовта расте повеќе на северната страна на Северната хемисфера, бидејќи овде има помали шанси да биде директно изложена на сончева светлина.
15. Бричењето ги прави влакната погусти
Многу луѓе веруваат во овој мит, но бројот на фоликули е генетски и нема никаква поврзаност со бричењето. Покрај тоа, познато е дека влакното расте од коренот а не од врвот, па бричењето воопшто не го забрзува растењето.
16. Навалување на главата наназад ќе го спречи крвавењето на носот
За жал, ова е погрешно. Покај тоа, ако личноста легне обидувајќи се да го сопре крвавењето, крвта може да заврши во грлото и да ја згуши. Она што треба да го направите во оваа ситуација е да се наведнете нанапред. Можете да искористите и крпа со коцки мраз за да ги затегнете крвните садови и да го намалите протокот на крвта.
17. Мозолчињата се појавуваат од многу чоколадо
Во текот на еден месец, научниците им давале на неколку испитаници плочки со многу чоколадо. На крајот на истражувањето, заклучиле дека тоа не влијае на појавата на акни.
18. Млечните производи ги зајакнуваат коските
Неодамнешните истражувања покажале дека нема поврзаност помеѓу количеството млеко кое го пие една личност и бројот на скршеници. Денес, сè повеќе и повеќе луѓе тврдат дека млекото всушност го зголемува ризикот од остеопороза.
Погледнете ги и најпознатите научни митови во кои треба да престанете да верувате.