18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието - Part 2

18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието

13. Подгрејте две чинии во микробранова печка истовремено

18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието

Доколку сакате набрзина да загреете два длабоки сада во микробрановата печка во исто време, сè што треба да направите е да го поставите едниот врз шолја која е превртена наопаку, за да ги собере двете во малиот простор.

12. Спречете тркалање на шишињата и лименките на полиците во фрижидерот

18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието

Штипките за хартија имаат навистина многу примени, а ова е само една од нив и е неверојатно практична. Закачете една канцелариска штипка за хартија на полицата од фрижидерот и до неа ставете шише или лименка. Можете дури да направите и цела пирамида и лименките со оваа пречка, нема да се тркалаат низ фрижидерот.

11. Печете две пици во рерната во исто време

18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието

Доколку сакате да печете две замрзнати пици во рерната во исто време, постои многу лесен начин да го сторите тоа. Едноставно пресечете ги и едната и другата пица на половинки и наредете ги на решетката од рерната, како што е прикажано на сликата.

10. Спречете замаглување на шофершајбната

18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието

Дали сè уште ги фрлате малите хартиени кесички коишто следуваат во кутијата за чевли, со секој нов пар? Доколку вашиот одговор е да, тоа е така веројатно затоа што не знаете за нивните интересни карактеристики. Тие во внатрешноста содржат мали парченца силикагел којшто фантастично ја апсорбира влагата, па затоа тие се одличен трик за спречување на замаглување на предното стакло од вашиот автомобил. Сè што треба да направите, е да ги поставите кесичките во близина на стаклото.

9. Намалете ја влажноста и миризбата во торбата за во вежбална

18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието

Ова е уште еден трик со хартиените торбички полни со силикагел. Едноставно ставете неколку во вашата торба со опрема за вежбање и тие ќе ја отстранат влагата од пот и лошата миризба.

8. Спречете заплеткување на слушалките

18 паметни трикови коишто ќе ви го олеснат секојдневието

Ова е многу едноставен трик за да направите практичен држач за слушалки, за кој ви е потребна една тапа за шише вино. Со нож направете засеци на двете страни од тапата и замотајте ги жиците од слушалките околу едниот засек. На другиот засек замотајте го другиот крај од слушалките каде што се наоѓа приклучокот.

Триковите продолжуваат на третата страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар