18 нешта што на паровите кои се подолго време во врска им е здодеано да ги слушаат
Секој од вас познава барем еден пар во кој партнерите изгледаат како да се заедно цел живот. И сигурни сме дека сте им поставиле барем дел од наредниве неколку прашања. Вие можеби сте добиле мала насмевка или учтив одговор, но тие се далеку од реалноста.
Погледнете што навистина им се врти во глава на паровите откако ќе им се постават прашања како „Зарем не се плашите дека пропуштате некои работи?“ Или пак, „Кога планирате да правите свадба?“ Особено ако овие прашања доаѓаат од личности кои не им се толку блиски. А доколку вие сте во подолга врска, сигурни сме дека ќе се пронајдете во поголемиот дел од одговорите…
1. Зарем не се плашите дека пропуштате некои работи?
Премногу ни е забавно да се грижиме за тоа…
2. Мене би ми се смачило толку долго време да поминувам со еден ист човек.
Во ред, никој не го бара тоа од тебе.
3. Признајте. Сигурно понекогаш посакувате да сте сингл.
Искрено, во моментов посакуваме нешто друго…
4. Премногу сум самостојна/самостоен за да бидам во врска.
А што подразбираш ти под „самостојност“?
5. Повеќето животни не се моногамни, знаете. Тоа е социјален конструкт.
Знаете што друго е социјален конструкт? Сладоледот…
6. Дали сѐ правите заедно?
Всушност да, нашите бели дробови можат да дишат воздух само ако сме на неколку метри оддалечени еден од друг.