18 нешта кои треба да ги знаете доколку патувате во една од овие држави

18 нешта кои треба да ги знаете доколку патувате во една од овие држави

Секоја култура има свои навики, како и уникатен начин на однесување кое значително се разликува од останатите. На пример, во Америка оставањето бакшиш во рестораните е скоро задолжително, додека пак, ако го направите тоа во Јапонија, тие ќе се почувствуваат навредени. Од друга страна пак, за некои држави бројот на цвеќиња во букет нема никакво значење, додека пак во Украина се подарува само непарен број за живите, бидејќи букетите со парен број се наменети само за гробишта. Па, за да ги избегнете непријатните ситуации, погледнете ги следниве 18 нешта кои треба да ги запомните доколку посетувате некоја од овие држави…

18 нешта кои треба да ги знаете доколку патувате во една од овие држави

1. Франција – Не зборувајте за, ниту пак барајте пари.

2. Украина – Не подарувајте парен број цвеќиња во букет.

3. Нов Зеланд – Не свирете додека возите, бидејќи ќе ги навредите луѓето.

4. Индија – Не го допирајте спротивниот пол во јавност.

5. Јапонија – Не оставајте бакшиш.

6. Мексико – Не се навредувајте од локалните шеги.

7. Норвешка – Не прашувајте за одење во црква.

8. Турција – Не покажувајте гестови за „ОК“ бидејќи ќе бидат сфатени како навреда.

9. Велика Британија – Не ги прашувајте луѓето колку заработуваат.

10. Ирска – Не се обидувајте да имитирате ирски акцент.

11. Германија – Не честитајте роденден однапред.

12. Кенија – Не ги нарекувајте луѓето прво со името.

13. Чиле – Не јадете со вашите раце.

14. Сингапур – Не јадете во јавен превоз.

15. Америка – Не заборавајте да оставите бакшиш.

16. Италија – Не порачувајте капучино во ресторан.

17. Унгарија – Не удирајте со чашите додека наздравувате.

18. Кина – Не подарувајте часовник или чадор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар