18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британија - Part 5

18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британија

13. Посетете го замокот Карнарвон

Во Велс има многу замоци, но Карнарвон веројатно е најимпресивниот. Изграден во 1823-та година, од страна на Едвард I, за време на англиската окупација на Велс, замокот е одлична стратегиска точка, а и совршено место за контролирање на трговската размена.

18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британија

14. Посетете некој од островите во Шкотска

Тешко е да се посочи еден остров кој треба да се посети во Шкотска, бидејќи сите се преубави, со свој индивидуален шарм. Шкотските острови имаат природна, нескротена убавина, романтични планински пејзажи и одлични плажи. Тие се простор и за многу фестивали, ритуали и други интересни активности на отворено.

18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британија

15. Видете ги пандите во зоолошката во Единбург

Постои ли некој кој може да им одолее на овие слатки суштества? Постојат две огромни панди во Британија и се токму тука, во зоолошката во Единбург. Вистинска атракција се и вреди да бидат дел од вашата листа на места кои треба да ги посетите во Велика Британија.

18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британија


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар