18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британија
10. Посетете го Портмерион во Велс
Последното нешто што очекувате да го видите во Северен Велс е ова италијанско селце, кое мора да го посетите. Полно е со замоци, згради во боја, украсни бордури, геометриски бедеми и формални градини кои вистина прават да се чувствувате како да сте во Италија.
11. Испијте попладневен чај во Betty’s
Betty’s е чајџилница која се наоѓа во Јоркшир и датира од 1919-та година. Ова е место кое дефинитивно треба да го посетите додека сте во Британија. Покрај одличниот чај, може да изберете и од многуте печива и слатки, кои ќе придонесат за комплетно уживање во попладневната закуска.
12. Посетете го Лејк дистрикт
Едно од најубавите места да се посети во Британија е токму Лејк дистрикт. Ова е најголемиот британски национален парк и е одлично место за шетачи, планинари и љубители на водени спортови. Секако, може да одите и со кола, да се паркирате во близина и да уживате во неверојатниот поглед.