18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британија
7. Одете на шопинг во центарот Трафорд, Манчестер
Еден од најдобрите шопинг центри во Велика Британија и втор по големина е Трафорд во Манчестер. Центарот е стилски направен, со многу продавници за сите вкусови. Секогаш е многу посетен бидејќи 10% од вкупната популација живее на 45 минути оддалеченост од центарот со кола. Важно да се напомене е дека тука се наоѓа и најдоброто кино во цела Британија.
8. Обиколете го Стоунхенџ
Стоунхенџ е најпознатиот мегалитен споменик во светот, со дијаметар од 100 метри. Неверојатен е, но пристапот е забранет, поради многуте забележани оштетувања. Друга опција е посетата на споменикот од ваков тип во Авбери. Иако не е онолку голем како Стоунхенџ, сепак е втор по големина во Европа.
9. Одете на претстава во театарот Глоуб
Можеби не сте огромен фан на Шекспир, но гледањето на неговите претстави во Глоуб е искуство кое мора да го доживеете додека сте во Велика Британија. Магично е да се ужива во театарот и претставата и да се почувствува како изгледало да си дел од публиката во Елизабетанската ера.