18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британија - Part 2

18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британија

4. Барајте го чудовиштето од Локнес

Ова мора да го направите. Можеби е мит, но никогаш не се знае. А замислете си само колку ќе се покаете, доколку еден ден некој го открие и вие се сетите дека сте имале шанса да го побарате, а не сте се обиделе. Како и да е, без грижи, Локнес и без тоа е прекрасен и одењето таму секако ќе ви се исплати.

18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британија

5. Одете во Кембриџ

Кембриџ е убав град, опколен со величествената архитектура на околните универзитети. Разгледувањето на ентериерот и екстериерот на колеџите Кингс и Тринити е прекрасно, но чувството е сосема поинакво, доколку лежерно пловите со чамец по реката Кем.

18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британија

6. Погледнете ги куполите на зградите во Оксфорд

Доколку сте го посетиле Кембриџ, некако природно е да одите и во Оксфорд. Исто како и Кембриџ, Оксфорд е богат со величествени градби на универзитети, кои му го даваат епитетот „Градот на небесните куполи“. Најдобар начин да се разгледа Оксфорд, кога сте ограничени со време е да одите на прошетка низ градот со отворен автобус.

18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британија


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар