18-те најморничави нерешени случаи за исчезнати луѓе
13. Пејџ Ренкоски, исчезната од 1990 година
Последен пат била видена како стои до нејзиниот автомобил на автопат во близина на Мичиген. Подоцна биле пронајдени нејзините чевли и чанта во напуштен автомобил. 6 месеци подоцна во полицијата стигнала мапа, но била премногу нејасна и полицајците не знаат дали воопшто барале на вистинската локација.
14. Лора Бредбери, исчезната од 1984 година
3-годишното девојче било на кампување во Калифорнија во октомври 1984. Таа и нејзиниот брат отишле до тоалетите на кампот. Тој влегол внатре, а кога излегол Лора ја немало. Полицијата верува дека е пронајден нејзиниот череп во 1986 година, но сè уште не е потврдено дали станува збор за неа.
15. Боби Дунбар, исчезнат од 1912 година
Боби имал 4 години кога исчезнал додека бил на риболов. 8 месеци подоцна, полицијата верувала дека го пронашла како патува со маж по име Вилијам Волтерс. Во 2004 година со ДНК тест било покажано дека пронајденото момче не е Боби. Случајот до денес останува нерешен.
16. Децата Ботмонд, исчезнати од 1966 година
Трите дечиња од Австралија, Џејн, Арна и Гран отишле на плажа и никогаш не се вратиле. Еден човек ги видел како си играат во близина на водата, а еден полицаец изјавил дека ги видел како одат накај дома околу 15 часот. Родителите добивале писма во кои се тврдело дека децата ги држат како заложници, но подоцна се покажало дека писмата биле лажни.
17. Ребека Кориам, исчезната од 2011 година
Ребека била дел од екипажот на бродот за крстарење Disney Wonder. Последен пат била видена како разговара на телефон и изгледала вознемирено. Некој велат дека од Дизни се навистина таинствени за информациите кои ги имаат. Случајот и денес се истражува.
18. Децата Содер, исчезнати од 1945 година
5 од 9-те деца од семејството Содер исчезнале по пожар во нивниот дом. Пожарот се случил на Божиќ во Западна Вирџинија. После 70 години, децата сè уште не се пронајдени.
Ако сте љубители на мистериите, прочитајте и за телефонските повици кои засекогаш ќе останат мистерија.