18-те најморничави нерешени случаи за исчезнати луѓе

18-те најморничави нерешени случаи за исчезнати луѓе

Постојат многу случаи за исчезнати луѓе, а многу од нив никогаш не биле решени. Во продолжение ќе ги прочитате најморничавите, најтажните но и најчудните исчезнувања кои до денес останале мистерија.

1. Џоан Риш, исчезната од 1961 година

(1)18-neresheni-sluchai-za-ischeznati-lugje-kafepauza.mk

Риш имала 31 година кога исчезнал од нејзиниот дом во Бостон. Единствената трага која ја оставила било крв на подот во кујната. Тој ден нејзината ќерка истрчала кај некој сосед и му рекла дека мајка ѝ ја нема, а кујната е обоена со црвена боја. Неколку недели пред тоа, Риш земала книга од библиотека за жена која исчезнала и не оставила ништо освен крв и крпа.

2. Фред Валентич, исчезнат од 1978 година

(2)18-neresheni-sluchai-za-ischeznati-lugje-kafepauza.mk

Овој Австралијанец летал мал авион кога ја известил контролата за чуден објект кој летал до него. Врската прекинала сред разговорот, а тој исчезнал. Не се пронајдени ниту тој, ниту неговиот авион, а некои веруваат дека бил киднапиран од НЛО.

3. Летот 370 на Malaysia Airlines, исчезнат од 2014 година

(3)18-neresheni-sluchai-za-ischeznati-lugje-kafepauza.mk

Боингот 777 исчезна во 2014 година, но никој не знае што точно се случило со него и со 239-те патници. Пронајдени се многу малку остатоци иако била пребарана огромна површина.

4. Чери Махан, исчезната од 1985 година

Чери исчезнала од автобуската постојка кога се враќала од училиште. Нејзините родители сè уште одбиваат да ја прогласат за мртва бидејќи сакаат да дознаат што навистина ѝ се случило.

5. Аша Дегри, исчезната од 2000 година

(5)18-neresheni-sluchai-za-ischeznati-lugje-kafepauza.mk

Некои возачи тврдат дека го здогледале 9-годишното девојче на еден автопат околу 4 часот наутро. Но, тоа е единствената информација која е достапна за девојчето кое сега би имало 27 години. Полицијата и ФБИ изјавиле дека оваа година поинтензивно ќе работат на случајот.

6. Ејми Лин Бредли, исчезната од 1998 година

(6)18-neresheni-sluchai-za-ischeznati-lugje-kafepauza.mk

Ејми исчезнала на едно крстарење додека била на одмор. Едно утро излегла од својата кабина за да испуши цигара и оттогаш ѝ се губи секаква трага. Еден очевидец тврдел дека ја забележал во еден тоалет во Барбадос во 2005 година, но никој друг нема пријавено нешто слично.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар