18 докази дека сѐ се случува со причина во ТВ серијата „Симпсонови“
7. Зошто Хомер личи на Красти?
Постои причина зошто Хомер и Красти изгледаат толку слично. На почетокот, кловнот не требало да биде сосема различен лик, туку требало да биде алтер егото на Хомер. Тоа требало да му покаже на Барт дека некој кого не го почитува (Хомер) и некој кого многу го сака (Красти) се едната иста личност.
8. Зошто Битлси се толку многу присутни?
Серијата и легендарните музичари си се обожуваат меѓусебно. 3 членови од бендот учествувале во серијата: Џорџ Харисон, Ринго Стар и Пол Макартни. Џон Ленон починал долго пред премиерата на серијата, но неговата песна „Mother“ се појави во една од епизодите. Тоа значи дека сите 4 гласа од познатиот бенд се појавиле во „Симпсонови“.
9. Кој збор од „Симпсонови“ е официјално вклучен во речникот на Оксфорд?
Зборот „D’oh“ на Хомер стана толку популарен што бил вклучен во речникот за англиски јазик на Оксфорд. Зборот е инаку извик што се користи за да се искоментира нечија или сопствена глупава постапка.
10. Како Мет Гронинг ги потпишува своите дела?
Мет Гронинг, креаторот и аниматорот на серијата, вели дека неговите иницијали се појавуваат во сите епизоди на „Симпсонови“. Тоа се покажа во една од епизодите од 16-та сезона.
11. Како изгледа Мет Гронинг во цртанот?
Мет Гронинг е прототип на сопственикот на продавницата за стрипови. „Тој не е баш таков каков што навистина сум, туку е таков каков што изгледам отстрана“, објаснил креаторот на „Симпсонови“.
12. Кој го позајми гласот за првиот збор на Меги?
Во 10-та епизода од 4-та сезона, Меги го кажа својот прв збор: „Тато“ (Daddy). Елизабет Тејлор била поканета за да го сними овој збор.
Продолжете на последната страница за остатокот од текстот…