17 знаци дека сте опседнати и премногу приврзани за вашето домашно милениче

17 знаци дека сте опседнати и премногу приврзани за вашето домашно милениче

Факт е дека луѓето кои поседуваат домашни миленичиња се многу посреќни за разлика од оние кои не поседуваат. Но, сѐ си има граница, дури и кога станува збор за љубовта кон животните. Откако ќе ги прочитате овие знаци, ако се пронаоѓате во барем половина од нив, тогаш најљубезно ве молиме да го олабавите кутрото животно. Јасно ни е дека го сакате, но и нему му треба простор.

0-17-znaci-deka-ste-premnogu-opsednati-i-premnogu-privrzani-za-vasheto-domashno mileniche-kafepauza.mk

1. Храната што му ја давате како награда е многу повеќе мито за повеќе да ве сака.

2. Го имате затворено во соба заедно со вас за да го натерате да поминува повеќе време со вас. Но, овој план не ви успева затоа што тоа трпеливо чека да му отворите врата.

3. Постојано гo гледате како спие….

4. И го фотографирате додека спие…

5. Па добро, снимате и по некое видео одвреме-навреме.

6. Станувате неверојатно љубоморни кога имате гости и вашето милениче многу повеќе си игра со нив отколку со вас, а вие само сакате да се развикате: ЈАС ТЕ ХРАНАМ НЕБЛАГОДАРНИКУ!

7. Обично галењето завршува така што на крајот тоа се обидува да се оттргне од вашите „канџи“, а вие го држите толку силно, како животот да ви зависи од тоа и му викате САКАЈ МЕ!

8. Сигурни сте дека го имате фатено како превртува со очите кога ќе направите нешто глупаво за да му го привлечете вниманието.

9. Го имате разбудено од мирната дремка само затоа што ИЗГЛЕДАЛО ПРЕМНОГУ СЛАТКО!

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

10. Постојано покажувате слики од вашето милениче на сите што ги познавате затоа што сметате дека не е фер таква убавина да остане незабележана…

11. Како резултат на претходново, голем дел од вашите профили на Инстаграм, Снепчет и сите други форми на социјални мрежи се посветени на вашето животинче и вие воопшто не се каете за тоа.

12. Потајно го сакате тоа кога ќе дојдете дома откако сте го поминале денот со други животни, а вашето милениче ве душка и се прашува каде сте биле, затоа што сакате да го потсетите дека имате и други опции, за секој случај…

13. Но, секогаш му давате екстра внимание за да го потсетите дека тоа ви е најважно и најсакано.

14. Не сакате да го оставате само дома многу долго затоа што се плашите дека нема да бидете таму кога ќе му бидете потребни.

15. Па затоа вашите пријатели се навикнати да ги прашувате дали во новиот ресторан дозволуваат домашни миленици. Вака не морате да се грижите што прави тоа само дома затоа што вашето домашно милениче седи до вас.

16. Кога ќе го видите како се забавува без вас чувствувате потреба да одите таму и да го убедите да си игра со вас. А кога тоа ќе ве погледне, како да ви вели: „Уморен/а сум од твоите глупости. Остави ме да живеам.“ И тогаш, вие двојно ја покажувате вашата љубов кон него.

17. Не можете да замислите да поминете еден ден без вашето крзнено пријателче затоа што тоа е вашиот свет и ако некој се обиде да ве раздвои, тогаш ќе настанат големи проблеми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар