17 важни лекции за животот од Сократ

17 важни лекции за животот од Сократ

Иако неговата мисла потекнува од античко време, Сократ сè уште е еден од најголемите филозофи кои некогаш постоеле. Неговите зборови во тоа време претставувале важни животни лекции за оние кои го слушале, но некои од нив и денес можат да се употребат како патоказ во нашиот живот. Затоа ви пренесуваме делови од неговите учења издвоени како цитати од неговите дела.

18 важни лекции за животот од Сократ

1. Вистинска мудрост е да бидеш свесен дека има работи кои не ги знаеш

„Знам дека ништо не знам.“

„Да знаеш значи да знаеш дека ништо не знаеш. Тоа е смислата на знаењето.“

„Знам дека сум мудар затоа што знам дека ништо не знам.“

„Доаѓаме до вистинската мудрост кога ќе сфатиме колку малку ги разбираме животот, самите себе и светот околу нас.“

2. Биди таков каков што се претставуваш

„Најкраткиот и најсигурен пат да живееш со чест на овој свет е навистина да бидеш онаков каков што се претставуваш. Ако обрнеме внимание, ќе сфатиме дека сите човечки квалитети се зголемуваат и засилуваат ако ги вежбаме.“

3. Ништо нема да се смени ако ти не се смениш

„Тој што ќе се промени себеси ќе го промени и светот.“

„Запомни дека ништо не е постојано во животот. Затоа треба да избегнуваш премногу восхит за напредокот и премногу потиштеност во лошите моменти.“

4. Доблеста не доаѓа од богатството, туку богатството ја следи доблеста

„Ја не правам ништо друго освен што ви зборувам вам, стари и млади, да не гледате на себеси како на ваш имот, туку да се грижите за развој на вашата душа. Ви велам дека доблеста не произлегува од парите, туку парите и секое друго богатство ја следат доблеста кај луѓето, и во јавниот и во приватниот живот. Ова е моето учење и ако ова е учењето што ја корумпира младината, тогаш јас сум злобна личност.“

5. Читај за да се развиваш и да учиш од туѓите грешки

„Вложувај време во читање на она што другите го напишале за лесно да го стекнеш она за што на другите им бил потребен голем труд.“

6. Оние кои имаат многу кога имаат малку се најбогати

„Најбогат е оној кој е задоволен со малку затоа што задоволството е најголемото богатство во природата.“

„Задоволството е најголемото богатство, а луксузот е вештачка сиромаштија.“

7. Внимавајте колку и како јадете

„Безвредните луѓе живеат за да пијат и јадат, а вредните пијат и јадат само за да живеат.“

8. Не животот, туку добро поминатиот живот вреди

„Неистражениот живот не вреди да се живее.“

„Најважната работа не е само да се живее, туку да се живее добро. А да се живее добро значи, покрај убавите работи во животот, да живееш во согласност со своите принципи.“

9. Ништо во животот не е постојано

„Ако не го добиеш она што го сакаш, страдаш. Ако го добиеш она што не го сакаш, страдаш. Дури и ако го добиеш токму она што го сакаш, пак страдаш затоа што знаеш дека нема да трае вечно. Твојот ум е твојата несреќа. Тој не сака промени. Не сака болести и не ги сака обврските да се живее и да се умре. Но промената е закон кој влијае на реалноста без да се крие.“

10. Не е битно само да правиш нешто, туку и што правиш

„Чувај се од јаловоста на зафатениот живот.“

11. Не се ограничувај на одреден дел од светот, истражи го целиот

„Јас не сум Атињанин или Грк, јас сум граѓанин на светот.“

12. Не дозволувај другите да мислат за тебе

„За да се пронајдеш себеси, размислувај сам.“

13. Не ја давај лесно твојата доверба

„Спријателувај се полека, но кога ќе станеш пријател со некого биди постојан и цврст во тоа.“

14. Стој си на зборот

„Лажните зборови не се зли само самите по себе, туку и душата ја заразуваат со зло.“

15. Не возвраќај на злото, затоа што така самиот ќе се повредиш

„Оној што е повреден не треба да враќа за тоа затоа што ништо нема да ја исправи неправдата, а и не е правилно да враќаме и да правиме зло на некого без разлика колку сме страдале поради тој човек.“

16. Човечката душа е бесмртна

„Човечката душа е бесмртна, а душата на праведниот е бесмртна и божествена.“

17. Никогаш не престанувај да прашуваш

„Прашувањето е почетокот на мудроста.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Вики Reply

    Сократ, всушност, нема напишано ниту едно дело. За него дознаваме највеќе од неговиот ученик Платон, како и од историчари на филозофијата.

Остави коментар