17 ситуации во кои смеете да излажете

17 ситуации во кои смеете да излажете

Сите знаеме дека лажењето е лошо. Но, во одредени ретки случаи, подобро е да се послужите со безопасна бела лага, отколку да повредите некој близок. Станува збор за лаги кои секојдневно ги користиме, а не штетат никому, туку само нѐ извлекуваат од непријатни ситуации. Во продолжение прочитајте во кои ситуации е прифатливо да излажете…

17 ситуации во кои смеете да излажете

1. Нема навистина да стигнете за 5 минути. Сѐ уште сте во кревет по пижами. Но, зошто дополнително да го нервирате оној што ве чека, кога можете да го успокоите барем на 5 минути?

2. Сте се сретнале со стар познајник и сте се согласиле да одите на кафе за да си поприкажете. Знаете дека зборовите „Важи, ќе те барам“ се една голема лага, но зошто да скршите нечиј филм?

3. Вашиот колега ве прашува дали барате друга работа, и вие иако навистина барате, лажете дека сте совршено среќни со вашата моментална работна позиција. Некои работи е подобро да ги задржите за себе.

4. Брзате да излезете, а вашиот пријател или пријателка не може да одлучи што да облече. Па, затоа вие велите: „Да, изгледаш совршено. Ајде, ќе задоцниме“.

5. Со партнерот сте се договориле да ја гледате последната епизода од „Игра на тронови“ заедно, но вие можеби веќе сте ѕирнале малку што се случува. Нормално дека повторно ќе се изненадите на неочекуваниот крај!

6. Вашиот шеф ве прашал дали сакате да ги разгледате сите 500 свадбени фотографии кои штотуку стигнале. „Сакате“… Колку интересен збор!

7. Велите дека лазањите на вашата свекрва се прекрасни… Иако имаат вкус на изгорена хартија.

8. Вашиот пријател или пријателка претерале со алкохолот минатата вечер и ве прашуваат дали навистина изгледале толку лошо. Не сакате уште повеќе да ги депримирате, па велите само дека никој не ни забележал колку се пијани.

9. Шминката на вашата пријателка е како за на маскенбал… А денес е нејзината свадба! „Многу природно и прекрасно изгледаш“, се зборовите кои ви требаат.

17 ситуации во кои смеете да излажете

10. Некој ве прашува колку пари сте потрошиле на облека. Овој податок подобро е да си го задржите за себе, без разлика дали се работи за Шанел чанта или фармерки од пазар.

11. Некој ве прашува колку сексуални партнери сте имале. Уште една информација која е пожелно да не ја откривате. Истото важи и за прашањето колку парчиња пица сте изеле.

12. Поим немате што се случува во светот, бидејќи ниту гледате вести, ниту читате весници. Сепак, се обидувате да се вклучите во тие разговори со вашите пријатели и колеги и интелигентно климате со главата, иако ништо не разбирате.

13. Вашето друштво ве поканува на караоке забава каде никого не познавате. Одеднаш магично се разболувате и не можете да станете од кревет.

14. Вашето друштво ве поканува на караоке забава со луѓе кои всушност ги познавате и ви се допаѓаат. Сепак, повторно се разболувате.

15. Некој ви подарува нешто што никогаш не би си го купиле. Се заблагодарувате и весело велите: „Никогаш не сум се сетила да пробам сомотски панталони!“.

16. Ве застанува полиција и ве прашува дали сте свесни каков прекршок сте направиле. Крокодилски солзи одеднаш почнуваат да се слеваат по вашето лице.

17. Си чувате еден куп чоколади на тајно место, за кое вашите деца не смеат да дознаат. Нормално дека не знаете од каде се сите тие хартивчиња од чоколадо во кантата за ѓубре!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар