17 популарни туристички дестинации кои навистина вреди да ги посетите - Part 3

17 популарни туристички дестинации кои навистина вреди да ги посетите

12. Нијагарините водопади, границата помеѓу Њујорк и Онтарио

17 популарни туристички дестинации кои навистина вреди да ги посетите

Сигурно ќе треба да чекате во редица за да ги видите неверојатните водопади. Но, ќе се доближите толку многу до водата и прскањето што ќе ви биде прекрасно.

13. Петра, Јордан

17 популарни туристички дестинации кои навистина вреди да ги посетите

Ако планирате патување до Средниот Исток, не испуштајте ја можноста да го посетите древниот град Петра. Патот е долг и има многу гужва, но целото тоа вреди. Археолозите веруваат дека градот е изграден дури во 9.000 година п.н.е. а голем дел од структурата којашто датира од 300 година п.н.е. е во одлична состојба.

14. Свето Срце, Париз, Франција

17 популарни туристички дестинации кои навистина вреди да ги посетите

Базилика во Париз е уште едно место што мора да го видите. Оваа католичка црква била осветена во 1919-та година и се наоѓа на врвот на Монмартр. До црквата ќе ве одведат 300 скалила, но ако ги искачите ќе имате неверојатна панорама на целиот Париз.

15. Статуата на слободата, Њујорк, САД

17 популарни туристички дестинации кои навистина вреди да ги посетите

Ако се прашувате која дестинација во Њујорк вреди да ја посетите, тоа е дефинитивно Статуата на слободата. Таа е подарок во знак на пријателство од Франција и се наоѓа во Њујорк веќе 100 години. Скулптурата е дизајнирана од Фредерик Бартолди и изградена од Густав Ајфел, човекот одговорен за Ајфеловата кула.

16. Стоунхенџ, Англија

17 популарни туристички дестинации кои навистина вреди да ги посетите

Стоунхенџ е најпознатиот праисториски споменик во Англија. Потеклото на споменикот ги буни археолозите со векови. Некои веруваат дека биле гробишта. Други мислат дека станува збор за олтар за жртвување. Мистеријата привлекува огромен број туристи и навистина вреди да го видите.

17. Таџ Махал, Индија

17 популарни туристички дестинации кои навистина вреди да ги посетите

Речиси секој има видено фотографии од Таџ Махал, но овој мавзолеј вреди да се погледне и во живо. Тој е изграден од шахот Џахан во знак на љубов за неговата омилена сопруга. Таџ Махал се смета за најголемото достигнување во индо-исламската архитектура.

Ако немате време за долг одмор и сте со ограничен буџет, погледнете кои се најевтините дестинации во Европа за викенд патување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар