17 неверојатни факти што можеби не сте ги знаеле за животот и верувањата на Абориџините
Абориџините се едни од оние антички заедници на луѓе што сјаат со позитивна енергија, а на тој начин ни предизвикуваат да сакаме да бидеме подобри луѓе и да го направиме светот поубаво место за живеење. Со своето напредно размислување, оваа добродушна група луѓе на прво место го ставала напредокот на новите генерации – нешто што ние можеме да се обидеме да го научиме од нив! Прочитајте ги овие 17 неверојатни факти за Абориџините и подгответе се за неколкудневно чудење за нивниот напреден начин на размислување и делување.
1. Абориџините биле луталици. Освен тоа што го носеле на себе или во своите раце, тие ништо друго не поседувале.
2. Абориџините не се врзувале за предмети.
3. Не наоѓале храна случајно. Најпрво ја барале од самата природа, па чекале да се појави, а кога ќе се појавела – ѝ се заблагодарувале.
4. Секој ден започнувале со молитва за благодарност на оној што ги чувал. Тие се заблагодарувале за новиот ден, за себе, за пријателите и за целиот свет.
5. Кога барале нешто, велеле: „Би сакал/а да го добијам само ако е тоа за мое добро и за општото добро на останатите.“
6. Се разбирале со помош на „телепатија“. Тоа било можно затоа што имале отворени умови, немале скриени мисли, ниту пак лажеле, а биле многу добронамерни. Тие говореле со срцето и својот ум, па се разбирале и без зборови.
7. Својот глас го користеле исклучиво за пеење, прослави или за лечење.
8. Живееле во слога, се поддржувале едни со други, се ценеле меѓусебно и си ги откривале своите таленти.
9. Постојано го славеле напредокот на оние што имале талент или мудрост.
10. Познавале многу аспекти на човечката психологија. Тие ја знаеле важноста на учењето од минатото, а редовно одбивале осудување.
11. Знаеле дека е важно најпрво да се сакаат себеси за да можат да сакаат и некој друг.
12. Знаеле дека секој од нас е онаму каде што заслужува да биде. Ако се земе предвид секоја донесена одлука во минатото и сегашната слободна волја, човекот е токму таму каде што самиот се одвел.
13. Секој ден се обидувале да бидат подобри личности. Ги почитувале другите луѓе, животни, растенија…
14. Сè што им се случувало, го прифаќале со благодарност. Верувале дека во секој од нас живее дух, вечно битие, што треба да се негува.
15. Верувале дека болестите настануваат како резултат на лоши односи, криви уверувања, потиснат страв, намалена вера во Креаторот….
16. Сите членови на заедницата им помагале на децата да се усовршуваат и напредуваат. Возрасните никогаш не го губеле чувството за детска радост. Во игрите немало натпреварување, ниту победници и губитници – само забава за сите!
17. Верувале дека секој човек може да се промени ако го одлучи тоа. И дека на другите влијаеме со својот живот и начинот на кој се однесуваме.