17 моќни жени за кои сигурно не сте слушнале оваа година
Несомнено е дека жените се силни, а тоа го потврдуваат многу ситуации. Уште од минатото сме сведоци на жени кои биле големи борци и кои придонеле за создавање подобар свет. Но, сигурно не сте слушнале за силните жени кои ја одбележаа 2016-та година. Во продолжение проследете некои од нив кои покажуваат дека тие имаат храброст и моќ да направат многу работи.
1. Девојче што гледа во полицаецот за време на протестите во Чиле
Станува збор за непознато девојче што учествувало во протестите за воениот удар во Чиле кој се случил во 1973 година. Фотографијата е направена откако полицијата почнала со случајно апсење на луѓе од групата која марширала низ градот. Фотографот, Карлос Вера Мансилиа, рекол дека девојчето застанало пред полицаецот со дрзок поглед.
2. „Las Hijas de Violencia“, група жени во Мексико кои се борат против малтретирањето на улица со користење конфети и пеење панк музика
Жените во Мексико Сити одлучиле да се справат со уличното малтретирање, така што формирале своја група. Секогаш кога некој човек ќе ги повика членовите кога тие се во јавност, групата ја пее нивната песна „Sexista Punk“ и пушта конфети од пиштол играчка кон оној кој ги вознемирува.
3. Меган Хајн, експерт за преживување која на оние кои бараат авантури им нуди безбедност во опасните средини со нејзините вештини и знаења
Во едно интервју таа рекла дека има преживеано напад од лавови и дека еднаш била бркана низ џунглата од вооружена банда. Таа исто така може да запали оган со тампон.
4. Балкиса Чеибау, жена која го ризикувала својот живот велејќи дека нема да се омажи за нејзиниот братучед кога имала само 16 години
Оваа жена моментално учи медицина, следејќи го нејзиниот сон да стане доктор.
„Кога бев мала, сонував да станам доктор. Да се грижам за луѓето, да носам бел мантил“, вели таа. „Советот кој го имам за вас е да се борите и да учите со сите сили. Знам дека учењето не е лесно, но мора да се присилите себеси бидејќи тоа е вашата единствена надеж.“
5. Амна Сулејман која ја предводи групата жени кои возат велосипед во јавноста во Газа
Имено, таа ја предизвикува непишаната забрана за жените да возат велосипед после пубертетот. Сулејман им помага на другите жени да се спротивстават на културните норми, преку поттикнување да возат велосипед во јавноста, нешто што таму се смета за кршење на социјалната пристојност и традиција.
6. Марли Диас, 11-годишно девојче кое собира илјадници книги за девојчињата со темна кожа
Диас има собрано повеќе од 7.000 книги за девојчињата со темна кожа и повикува за подобра разновидност во детските книги со нејзината кампања позната како #1000BlackGirlBooks.
Продолжете на следната страница за повеќе инспиративни приказни…