17 митови за Африка во кои сите веруваме

17 митови за Африка во кои сите веруваме

Многу луѓе сè уште веруваат дека кога ќе отидат во Африка ќе ги пречекаат племиња, диви животни, патеки од кал… Но, подгответе се за пореалистичен поглед кој ќе ги побие сите митови што сте ги имале за овој уникатен и прекрасен континент.

1. Нема технолошки напредок

17 митови за Африка во кои сите веруваме

90% од Африканците имаат мобилни телефони, а постојат и програмери кои создаваат свои апликации. На пример, локалните програмери создале сервис за фармери со препораки за размножување и информации за природни катастрофи. Покрај тоа, производството е доста развиено, па во некои држави се произведуваат машини и автомобили.

2. Африка е жешка пустина

17 митови за Африка во кои сите веруваме

Многу често, кога ќе слушнеме Африка си замислуваме огромна врела пустина. Всушност, на овој континент има многу тропски шуми, планината Килиманџаро, снежни врвови и савани. Во Африка ги има сите климатски зони, а просечната годишна температура е околу 27 степени Целзиусови.

3. Во Африка живеат само луѓе со темна кожа

17 митови за Африка во кои сите веруваме

Вистината е дека овој континент е дом на повеќе од милијарда луѓе со различна боја и култура. Оваа палета е формирана најмногу од имигрантите од Европа и Азија кои останале овде, или од луѓето кои избегале во Африка поради политички прогон.

4. Африка е населена со диви животни

(4) 17 митови за Африка во кои сите веруваме

Многу серии, филмови и цртани ни покажуваат дека Африка е полна со диви животни кои шетаат слободно и напаѓаат луѓе. Но, повеќето сафари тури се случуваат во зима кога потенцијално опасните змии и инсекти хибернираат. Дивите животни пак, најчесто живеат во националните паркови. Напади од животни речиси и да не се случуваат, а најчесто се последица од кршење на правилата на парковите.

5. Криминалот во Африка е на многу високо ниво

17 митови за Африка во кои сите веруваме

Се верува дека туристите во Африка треба да бидат особено внимателни поради криминалот. Но, туризмот е развиена гранка на овој континент и многу држави се популарни дестинации. Само во Јужна Африка има околу 1,5 милиони туристи годишно.

6. Африка нема културно наследство

17 митови за Африка во кои сите веруваме

Многумина мислат дека општеството во Африка е примитивно, без развиена култура, па дури и без историја. Но, Африка е наречена колевка на цивилизацијата. Овде има многу древни градби и културни споменици кои се внимателно чувани. Во Кенија, на пример, има над 200 архитектонски споменици. Покрај тоа, има многу интересни музеи кои се поддржани од власта во многу африкански држави.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар