17-годишна девојка се трансформира во женски ликови од познати холивудски филмови
17-годишната Анелис ван Овербик од Холандија е далеку од просечна тинејџерка. Таа е неверојатен камелеон! Имено таа се трансформира во познати холивудски ѕвезди и ликови од филмовите, започнувајќи од Одри Хепберн, па сè до Дејзи од филмот „Големиот Гетсби“.
„Отсекогаш ме интересирало како со помош на шминка и фризура една личност може да доживее целосна трансформација и кога бев помлада често сонував да станам мејкап артистка за научно фантастични филмови“, вели Анелис.
Таа дури успева да го долови и ликот на Снежана од приказните!
„Најмногу ме привлекува винтиџ стилот затоа што е многу елегантен и префинет. Не сакам мини здолништа и длабоки деколтиња, тоа едноставно не ми е по вкус. Многу ме интересира историјата, особено историјата на модата“, изјавува таа.
Погледнете ја нејзината неверојатна трансформација низ следниве фотографии кои ќе ве остават без зборови…