17 фотографии кои засекогаш го променија Интернетот - Part 2

17 фотографии кои засекогаш го променија Интернетот

7. Ријана на церемонијата Мет Гала

Жолтиот фустан кој го носеше Ријана на Мет Галата во 2015 година беше инспирација за многу шеги на нејзина сметка. Премногу злобни коментари се појавија на Интернет, а нејзиниот фустан беше споредуван со пица, омлет, па дури и со Сунѓерот Боб.

8. Фустанот кој го подели светот

(9)17-fotografii-koi-zasekogash-go-promenija-internetot-kafepauza.mk

Изгледа дека некој фустан не мора да биде убав за да стане познат. На прв поглед нема ништо посебно кај овој фустан. Единствениот проблем е што никој не знае дали е златен и бел или црн и син. Како и да е, фустанот предизвика многу расправии во кругот на Интернетот.

9. Изведбата на Бијонсе на Супер Боул 2013

Секој може да излезе лошо на некоја фотографија, дури и најубавите жени на светот. Бијонсе преземала секакви мерки бидејќи сакала да ја отстрани фотографијата од Интернет засекогаш, но како што сите знаеме, тоа е невозможно.

10. Бијонсе и близнаците

На фотографиите кои ги споделува таа, Бијонсе изгледа неверојатно. Само еден месец по раѓањето на нејзините близнаци Сир и Руми, пејачката веќе беше во совршена форма.

11. Насловната страница на списанието „Paper“ со Ким Кардашијан

Ким Кардашијан и нејзиното семејство имаат голем придонес во светската колекција на фотографии за памтење. Изгледа дека не постои друго семејство кое предизвика толку многу шеги на своја сметка.

12. Косата на Кендал Џенер

(13)17-fotografii-koi-zasekogash-go-promenija-internetot-kafepauza.mk

И сестрата на Ким ги имаше своите 5 минути. Фотографијата со нејзината „фризура на под“ има повеќе од 3,5 милиони допаѓања и беше инспирација за многу пародии и шеги.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар