Претходно
17 емотивни фотографии кои ќе предизвикаат вашето срце да подзастане за момент
За жал, повеќето луѓе имаме тенденција да ги сокриваме вистинските емоции во секојдневниот живот, а тоа предизвикува срцето да ни се стега, бидејќи не му ја даваме потребната слобода. Денешнава статија е посветена токму на моментите коишто ни носат неизмерна среќа или неопислива болка. Приказните коишто се кријат зад овие 17 фотографии, дефинитивно нема да ве остават рамнодушни и ќе ве потсетат какво е чувството да се биде жив.
1. 104-годишен австралиски научник, се збогува со неговиот внук, пред да фати авионски лет до клиника во Швајцарија, во којашто доброволно ќе му стави крај на својот живот.
2. „Мојата мајка штотуку дипломираше во школа за медицински сестри, на 44-годишна возраст. На оваа фотографија, таа позира пред нејзината слика од матурирањето. Таа сака да им кажам на сите луѓе, дека никогаш не е доцна да се напредува во животот.“
3. „Ова е мојот едномесечен син и неговата 97-годишна прабаба.“
4. „Јас имам 65 години и тукушто завршив колеџ. Никогаш не е доцна за учење!“
5. „Денес, една мала уморна пчела, слета на мојата јакна. Ѝ понудив малку џем од мојата крофна, од кој со задоволство лизна и ја доби потребната енергија, за повторно да полета.“
Погледнете ги преостанатите емотивни фотографии на следната страница…