17 цитати од Маргарет Атвуд кои ќе го разбудат писателот во вас

17 цитати од Маргарет Атвуд кои ќе го разбудат писателот во вас

Маргарет знаела дека ќе биде писателка уште кога имала 16 години. Но не ни помислила дека нејзините дела ќе допрат милиони низ целиот свет или пак дека до 2017 година ќе биде автор на над 35 тома поезија, детска литература и фантазија. Таа исто така не сакала ни награди од областа на литературата. Таа само сакала да ја следи својата страст – пишувањето. Овие цитати ќе го разбудат и инспирираат писателот во вас.

13-citati-od-margaret-atvud-koi-kje-g-oinspiriraat-pisatelot-vo-vas-kafepauza.mk

„Војната е она што се случува кога јазикот не успева.“

„Збор по збор по збор е моќ.“

„Сите писатели учат од мртвите. Сè додека продолжите да пишувате, ќе продолжите да ја истражувате работата на писателите пред вас, исто така ќе се чувствувате судени од нив и одговорни кон нив.“

„Единствениот начин да ја запишете вистината е да претпоставите дека никој нема да го прочита напишаното. Ниту некој друг, ниту вие. Во спротивно ќе почнете да се оправдувате. Морате да го гледате пишувањето како се појавува како долг свиток со мастило од вашиот показалец на десната рака; мора да ја гледате и левата рака како истото го брише.“

„Можеби не пишувам за никого. Можеби пишувам за истата причина како децата кои ги пишуваат нивните имиња во снегот.“

„Ние бевме луѓето кои не живееја во весниците. Ние живеевме во празните бели места на работ од испечатеното. Тоа ни даваше повеќе слобода. Ние живеевме во празнините помеѓу приказните.“

„Возможно е пишувањето да има нешто со темнината, со желбата да се влезе во неа, со среќа да се осветли и да се врати нешто назад во светлината.“

„Сите писатели се двојници, од единствената причина што никогаш не го запознавате авторот на книгата што сте ја прочитале. Толку многу време поминало помеѓу пишувањето и издавањето, што авторот сега е друга личност.“

„Ако раскажувам приказна, тогаш го контролирам крајот… Но ако е приказна, дури и во мојата глава, мора да му ја раскажувам на некого. Не си раскажувате приказни сами на себе. Секогаш има некој. Дури и кога нема никој.“

„Ако чекав совршенство, немаше да напишам ниту еден збор.“

„Како мала, верував дека стручна литература значи вистина. Но ако прочитате историја напишана во 1920 и историја со истите настани во 1995 година, тие ќе бидат различни. Можеби нема една вистина, можеби има повеќе. Но ова не значи дека реалноста не постои.“

„Хартијата не е важна. Важни се зборовите на неа.“

„Секој пишува на свој начин, секоја личност има приказна, лична нарација, која постојано се повторува, прегледува, се распаѓа и се соединува. Значајната поента во оваа нарација се менува како што старее личноста – она што било трагедија на 20 години е комедија или носталгија на 40.“

„Сите писатели се чувствуваат погодено од ограничувањата на јазикот.“

„Секој роман се надева на читател. Всушност пишувањето е надеж бидејќи се надевате дека ќе има некој кој ќе го прочита.“

„Никогаш нема да го убиете раскажувањето приказни бидејќи тоа е вградено во човечкиот план.“

„На крајот, сите ние стануваме приказни.“

Прочитајте ги и најпознатите цитати од нобеловецот Албер Ками.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар