16 секојдневни работи што се забранети во Северна Кореја
Светот почнува сѐ повеќе да се интересира за Северна Кореја. Лидерот и владата постојано се обидуваат да го заштитат народот од надворешните влијанија со тоа што забрануваат одредени типови фризури и облека. Сето ова уште повеќе го зголемува интересот за луѓето од Северна Кореја и нивниот начин на живот. Ова се 16-те секојдневни работи што се забранети во Северна Кореја…
1. Западна мода
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун ги забранил фармерките и другите видови западна облека во двата региона што се граничат со Кина. Пјонгјанг се обидува да се избори против влијанието на западната модна култура што го наметнува големиот сосед.
2. Кока-кола
Во Северна Кореја е забранет увозот на Кока-кола, па така, сигурно нема да го најдете овој пијалак таму. Меѓутоа, некои поскапи продавници во Пјонгјанг продаваат Кока-кола произведена во Кина.
3. Фризури
Ким Џонг-ун дозволува само 18 фризури за жени и 15 за мажи. Ниту една од фризурите не дозволува промена на бојата на косата, така што навистина е тешко да се купи фарба за коса во Северна Кореја.
4. Хигиенски влошки
Хигиенските влошки и тампоните не се дозволени во Северна Кореја. Жените користат старомодни влошки за повторна употреба.
5. Кондоми
Сите видови средства за заштита од бременост се забранети во Северна Кореја, па затоа многу е тешко да се најде кондом во оваа земја. Многу возрасни Севернокорејци со задоволство ќе прифатат кондом како подарок.
6. Сопственост
Владата на Северна Кореја ги поседува сите права на земја и сопственост. Тоа значи дека е невозможно да купувате и продавате куќи и станови. Меѓутоа, луѓето од Северна Кореја нашле начин да го прават тоа, што довело до ублажување на законите оваа година.
7. Модерни чевли
Доколку случајно заминете во Северна Кореја и размислувате да купите пар чевли од Маноло Бланик, нема да имате таква среќа. Модерните чевли со дизајнерски потпис не се дозволени, освен во пределите што се граничат со Кина.
8. Новогодишни елки
Северна Кореја официјално е атеистичка земја. Сите верски ритуали се забранети и строго надгледувани од страна на владата. Токму поради тоа, луѓето не смеат да купуваат и поседуваат какви било божиќни украси и новогодишни елки.
Продолжува на следната страница…