16 реченици кои ќе ги сфатат само оние кои се во брак
Секоја љубовна врска претставува посебно искуство и нормално, не може да се кажат некои универзални карактеристики кои ќе важат за сите. Но давањето збор за навек со себе си повлекува некои ставови кои не можат да ги сфатат луѓето кои не се во брак.
1. Моногамијата е некако досадна, но многу повеќе го исполнува човекот од самотијата.
2. Истовремено можете да сакате една личност и да сте ѝ многу лути.
3. Колку повеќе работи ќе проживеете заедно со партнерот, толку вашето пријателство станува поцврсто.
4. Го знаете зборот „засекогаш“.
5. Се имате навикнато на отворената врата од купатилото.
6. Ги имате осетено предностите и недостатоците од делењето на банкарските сметки.
7. Разделеноста не е само нормална, туку и потребна.
8. Пријателството и меѓусебното почитување е поважно од сексот.
9. Го ставате сопругот, односно сопругата на прво место, и тоа не само со зборови, туку и со дела.
10. Бракот не е исто што и врската.
11. Знаете да опростувате и имате способност да продолжите понатаму.
12. Понекогаш морате да се одлучите за една од овие две варијанти: да бидете во право или да имате мир по дома.
13. Имате можност да ги сфатите неизречените потреби и проблеми.
14. Постојат моменти кога не ви се допаѓа личноста која ја сакате најмногу на свет.
15. Важно е да имате пријатели кои се во брак.
16. Иако не е совршен, бракот може да биде одличен.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.