16 работи кои ќе ги разберат само оние кои стапиле во брак во нивните рани 20-ти
Независно на која возраст ќе одлучите да стапите во брак, тоа претставува една голема животна промена. Она што ги прави 20-тите години толку голем предизвик е тоа што тие се обично периодот кога вие и вашите пријатели за прв пат се определувате за различни животни патишта, а кога вашиот избран пат е бракот, тогаш сте ја подготвиле сцената за едно сосема ново поглавје. Во продолжение прочитајте ги 16-те работи кои ќе ги разберат само оние парови кои стапиле во брак во нивните рани 20-ти.
1. Двоумењето дали да излезете или да останете дома по пижами и да ја догледате омилената серија. Пиво во барот против пиво на каучот е тешка битка.
2. Обидот да бидете одговорниот и возрасен пар кој готви, а редовно нарачува храна како да е сѐ уште на факултет.
3. Благосостојбата која доаѓа кога не сте толку активни на социјалните мрежи, а сепак слушате неверојатни приказни кои им се случиле на вашите пријатели.
4. Колку е убаво кога имате некој со кого можете да излезете и лудо да си поминете, но и некој кој ќе ве врати дома безбедно.
5. Знаете какво е чувството да сакате некој кој расте и се променува заедно со вас и сфаќате дека ја обожавате секоја нивна верзија. Тие не се истата личност која сте ја запознале, тие се уште подобри.
6. Колку е смешно и надреално кога ги откривате возрасните работи и обврски заедно (читајте: даноци, кредити, планови за осигурување…).
7. Постојаната навигација низ прашања од типот дали и кога ќе имате деца и давање на истиот одговор, секогаш: „Без коментар.“
8. Тоа што сте во брак не значи дека сте позрели.
9. Умешноста да направите секој да се чувствува добредојден на вашите средби и да не се чувствува како вишок.
10. Кога понекогаш треба да се забавувате со самите себеси во барот, додека вашите сингл пријатели се обидуваат да најдат потенцијални партнери.
11. Независно колку долго сте заедно, секогаш го гледате вашиот партнер како личноста со бебешкото лице која ја запознавте кога бевте мали и која вечно ќе остане млада во вашите очи.
12. Учењето да се биде парот кој воопшто не изгледа како пар во вашиот круг на пријатели. Вие сте само дел од бандата и нема да прифатите друг третман.
13. Добивањето коментари од типот: „Колку сте млади за да бидете во брак“ и знаењето дека сте ја направиле вистинската одлука.
14. Чувството на посветеност кое доаѓа со пребродувањето на сите предизвици кои ви стојат на патот.
15. Колку е страшно да направите чекор напред кога толку многу пријатели се во различни фази од животот…
16. И како тој страв исчезнува бидејќи знаете дека сте ја пронашле „вистинската личност“.