16 неверојатни оптички илузии кои ќе го измамат вашиот ум
Оптичките илузии отсекогаш биле интересен начин за тренирање видот, како и на умот. Некои од нив полесно можете да ги сфатите, додека пак други бараат поголемо внимание и концентрација. Во продолжение погледнете неколку оптички илузии кои на умешен начин ќе успеат да го измамат вашиот ум.
1. Колку бои гледате на фотографијата?
Всушност, сините и зелените спирали се во иста боја – зелена. Нема сина боја на оваа фотографија.
2. Каква боја се квадратите кои се наоѓаат на центарот на двете страни на коцката?
Кафеавиот и портокаловиот квадрат кои се наоѓаат во средината на двете страни на коцката се во иста боја. Доколку ви е потребен доказ, проверете и самите.
Сакам да го видам доказот!
3. Дали квадратите означени со А и со В се во иста боја?
Погледнете внимателно. И двата квадрати се во иста боја – сива. Ако сѐ уште не можете да поверувате, погледнете го решението.
Сакам да го погледнам решението!
4. Дали двата квадрати се со иста боја?
Доколку одговоривте не, тогаш мораме да ви кажеме дека не сте во право. Всушност и двата квадрати се со потемна боја. Ако не ни верувате, ставете го прстот хоризонтално каде што се спојуваат двете форми.
5. Дали гледате шаховска табла со црни и бели квадрати?
Сивите половини на црните и белите квадрати се всушност со иста боја. Сивата може да се гледа како црна или бела, во зависност од бојата која стои до неа.
Забавувајте го вашиот ум и преминете на наредната страница за да видите уште интересни оптички илузии…