Претходно
16 непријатни моменти низ кои сите барем еднаш поминале
Без разлика колку не ни се доаѓа тоа чувство, сите ние одвреме-навреме се засрамуваме. Можеби дури и ќе се чувствуваме многу глупаво за тоа што ни се случило, но на крајот од денот ќе се насмееме и ќе сфатиме дека тоа е нешто низ што сите поминуваат. Со таа цел решивме да направиме една листа со непријатни моменти низ кои сите ние сме поминале за да ви покажеме дека нема потреба да се нервирате или срамите.
1. Кога ќе паднете во јавност и ќе погледнете околу вас за да дознаете дали некој ве забележал (и ќе сфатите дека сите ве виделе!)
2. Кога морате лажно да се насмеете за ужасниот подарок што сте го добиле
3. Кога морате да ја објасните смешната шега што сте ја кажале
4. Кога се терате да се смеете откако сте чуле шега што не сте ја сфатиле
5. Кога сфаќате дека одите во спротивна насока, па се обидувате да изгледате кул при вртење
6. Кога во јавен транспорт случајно ќе допрете некого непристојно и потоа ќе се погледнете во очи
7. Кога гледате секс сцена со вашите родители крај вас
8. Кога ќе ве освои непријатна тишина за време на возење во лифт
Преминете на следната страница за повеќе непријатни моменти…