16 моќни шпански поговорки што секој треба да ги прочита
Шпанската култура е многу богата, а доказ за тоа се и овие традиционални мудрости што се пренесуваат од генерација на генерација.
„Кој сака да пее, секогаш ќе најде песна.“
„Не е важно да ви ракоплескаат кога влегувате, туку да им недостасувате кога ќе заминете.“
„Не смеете ниту да се фалите, што е суета, ниту пак, да се критикувате, што е потценување.“
„Негувајте ја вашата извонредна дарба, но не запоставувајте ги другите. Секој човек би можел да го достигне врвот кога би знаел во што се истакнува.“
„Оној што има долгови, а прави нови, и да не лажел, ќе почне да лаже.“
„Тој што му прогледува на крадецот низ прсти и самиот е крадец.“
„Луѓето ги јаваат и добриот коњ и добриот човек.“
„Потценете го непријателот и брзо ќе бидете поразени.“
„Да сакате, а да не бидете сакани е исто како да одговарате, а да не сте прашани.“
„Ако глупоста беше болка, ќе се слушаше врескање од секоја куќа.“
„Запомнете го советот на оној што ве сака, дури и ако ви се чини лош.“
„Не може да сакате и да бидете разумни.“
„Оние што знаат малку, брзи се на јазик.“
„Она што чини малку, уште помалку се цени.“
„Слушајте што зборуваат за другите и ќе знаете што зборуваат за вас.“
„Благословен е оној крај што доаѓа по добриот живот.“
Прочитајте ги и овие 17 јапонски поговорки што ќе ги променат вашите ставови кон животот.