16 лични информации што Фејсбук ги знае за сите негови корисници

16 лични информации што Фејсбук ги знае за сите негови корисници

Замислете си за момент дека сите луѓе на планетата Земја живеат во една огромна зграда каде што има специјални агенти кои го одржуваат мирот. Според законите што владеат во зградата, сите дела на овие агенти имаат цел да ја зачуваат безбедноста на станарите. Но, во еден момент почнувате да забележувате дека агентите постојано ве набљудуваат. Ги контролираат вашите разговори, однесување, локација и зборови. Имате претстава на што мислиме? Да, Фејсбук е зградата во која сите живееме, а оние што управуваат со него се специјалните агенти кои знаат сѐ за нас. Во продолжение дознајте кои ваши лични информации им се познати на социјалните мрежи…

16 лични информации што Фејсбук ги знае за сите негови корисници

Ова се информациите што ги запаметува Фејсбук:

1. Сѐ што ќе лајкнете: Фотографии, белешки, луѓе, видеа, коментари. Фејсбук ги анализира сите ваши лајкови и споделувања.

2. Сите ваши лични пораки со сите корисници.

3. Сите ваши избришани пораки, објави на ѕид и коментари. Дури и да сте ги избришале пред долго време, тие засекогаш остануваат зачувани во серверите на Фејсбук.

4. Сите ваши недовршени објави што сте почнале да ги куцате, но не сте ги објавиле. Да, добро прочитавте! Фејсбук ги памети дури и работите кои сте сакале да ги објавите, но сте се премислиле и сте ги избришале.

16 лични информации што Фејсбук ги знае за сите негови корисници

5. Сите фотографии и видеа што ги објавувате, но и оние што ги споделувате. Па, дури и тие што другите корисници ги споделуваат со вас.

6. Периодот кога сте станале или сте престанале да бидете пријатели со некого и периодот кога активно сте комуницирале со одреден корисник.

7. Сите ваши активности, лајкови и објави преку Инстаграм или Ватсап. Дали сте знаеле дека Фејсбук ги поседува и двете апликации?

16 лични информации што Фејсбук ги знае за сите негови корисници

8. Сите настани на коишто ќе присуствувате, како и местата, градовите и државите што сте ги посетиле.

9. Сите уреди што сте ги употребиле за да се најавите на вашиот профил.

10. Сите работи што сте направиле на веб-сајтови каде што сте се регистрирале или најавиле преку вашиот Фејсбук профил. Тоа е така затоа што би ви требало подолго време да се регистрирате на овие сајтови преку имејл, па полесно е да се искористи Фејсбук-от за таа намена.

16 лични информации што Фејсбук ги знае за сите негови корисници

11. Вашето ниво на образование и платата.

12. Веб-сајтовите што сте ги посетиле преку објавите или рекламите на Фејсбук. Дали некогаш сте се запрашале зошто Фејсбук ги рекламира токму оние работи што ве интересираат?

13. Сите страници што содржат „Сподели на Фејсбук“ (Share on Facebook) опција или едноставно опција за „лајк“.

16 лични информации што Фејсбук ги знае за сите негови корисници

14. Броевите на вашите кредитни картички.

15. Вашата политичка определеност, особено коментарите што сте ги оставиле и кои можат да бидат искористени против вас.

16. Вашето лице: Кога некој ќе ве означи на фотографија, Фејсбук го внесува тоа во неговата база на податоци за да може попрецизно да го препознае вашето лице во наредните фотографии.

Доколку по читањето на овие информации посакавте да ги деактивирате вашите профили на социјалните мрежи, би требало да знаете дека дури и да го преземете тој чекор, нема да успеете да ги избришете вашите лични податоци од нивните бази на податоци. Тие ќе останат таму засекогаш! Но, на крајот на краиштата, не мора да ја напуштите зградата во која живее речиси целото човештво. Само треба да внимавате како се однесувате на социјалните мрежи и што објавувате.

Прочитајте за 10-те корисни опции на Фејсбук за кои најверојатно не знаете дека постојат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар