16 антички, а генијални трикови кои ќе ви помогнат во секојдневиот живот
Во 1910 година една компанија објавила 100 картички каде што биле испишани антички корисни трикови. Кој би знаел дека тие би биле употребливи и по сто и повеќе години? Погледнете дел од нив што можете да ги примените и во денешното секојдневие.
1. Како да ги оживеете цвеќињата
За да ги подмладите изумрените цвеќиња, ставете ги во топла вода. Како што таа ќе се олади, така цвеќињата ќе оживуваат. Потоа само отсечете ги стеблата и ставете ги цвеќињата во студена вода.
2. Како да ги измиете шишињата
Измијте ја внатрешноста на шишето така што ќе ја наполните со вода и песок и протресувајте силно.
3. Како да ги отстраните дамките од мастило
Ако сте го измачкале вашето марамче со мастило, веднаш ставете го во млеко. По одредено време, дамките ќе исчезнат.
4. Откријте ја влагата во креветот
За да дознаете дали имате влага во креветот, ставете мало огледало помеѓу чаршафите. Ако тоа се замагли по неколку минути, дури и да е малку, подобро да не спиете таму.
5. Како да запрете разбеснат коњ
Не брзајте напред, туку останете на безбедно растојание и потпрете се. Потоа, земете ги уздите и застанете го коњот со вашата слободна рака. Не бидете премногу гласни, затоа што со тоа ќе го исплашите коњот.
6. Како да сварите напукнати јајца
За да ги сварите напукнатите јајца, сѐ што треба е да додадете само малку оцет во водата.
7. Како да тестирате путер
Намачкајте малку путер на парче хартија и ставете го на оган. Чистиот путер ќе мириса пријатно, додека пак оној измешан со маргарин ќе има малку непријатен мирис.
8. Како да извадите дел од стакло
Наполнете мало шише со топла вода и неговиот врв притиснете го до местото каде што се наоѓа стаклото. Водата што ќе се лади ќе ја цица вашата кожа, па наскоро ќе бидете во можност да го отстраните стаклото.
Погледнете уште 8 корисни трикови на наредната страница…