16 актери кои никогаш не земале часови по глума, но нивниот талент ги направил ѕвезди - Part 2

16 актери кои никогаш не земале часови по глума, но нивниот талент ги направил ѕвезди

9. Џенифер Лоренс

16 актери кои никогаш не земале часови по глума, но нивниот талент ги направил ѕвезди

Џенифер ги убедила нејзините родители да ѝ најдат агент во Њујорк да ја започне нејзината актерска кариера. Нејзината прва улога била во серијалот комедии на TBS, „The Bill Engvall Show“. Постепено, таа стигнала до улоги во филмови, како „Игри на гладните“, „Икс-мен“ и многу други.

10. Бен Кингсли

16 актери кои никогаш не земале часови по глума, но нивниот талент ги направил ѕвезди

Кингсли го имал своето прво актерско искуство кога имал 23 години, и продолжил да биде дел од сцената во наредните 15 години. Тој дури и одбил многу големи можности. Неговиот прв филм „Стравот е клуч“, излегол во 1972 година, а потоа глумел во „Ганди“ во 1982 година, со кој ја освои наградата од Академија „Оскар“. Тој бил целосно самоук актер.

11. Чанинг Татум

16 актери кои никогаш не земале часови по глума, но нивниот талент ги направил ѕвезди

Кога Татум го прекинал студирањето, работел како градежен работник, танчер, продавач и брокер за хипотеки. Тој бил откриен од агенција за модели на улиците во Мајами и така станал дел од печатени реклами за многу брендови. Потоа, работел во многу реклами и филмови, кои го направиле ѕвезда каква што е денес.

12. Шарлиз Терон

16 актери кои никогаш не земале часови по глума, но нивниот талент ги направил ѕвезди

Терон ја започнала својата кариера како манекенка кога имала 16 години и тогаш се занимавала и со танцување и балет. После неколку повреди на коленото, таа се откажала од сè и се преселила во Лос Анџелес за да се оствари како актерка. Кога била во банка, таа започнала да се расправа со вработен во банката, кој одбил да ѝ исплати пари. Тогаш таа била забележана од холивудски менаџер, кој ја вклучил во многу филмови.

13. Хенри Кевил

16 актери кои никогаш не земале часови по глума, но нивниот талент ги направил ѕвезди

Кевил многу сакал да работи во театарот кога бил ученик. Работел без надоместок само за да биде дел од театрот во интернатот. Неговите прва улога ја добил кога кастинг групата за филмот „Грофот Монте Кристо“ се појавил во неговото училиште. Кевил ја импресионирал групата и добил улога.

14. Метју Меконахи

16 актери кои никогаш не земале часови по глума, но нивниот талент ги направил ѕвезди

Меконахи студирал право на Универзитетот во Тексас кога наишол на книгата „Најголемиот продавач на светот“ од Ог Мандино. Оваа книга го сменила неговиот живот и била причина за тој да донесе одлука да се занимава со глума. Тој ја започнал својата актерска кариера работејќи на многу реклами и студентски филмови. Еден ден, тој имал средба со Ричард Линклатер, кој подоцна го избрал за улога во филмот „Досаден и збунет“. Не е воопшто чудно зошто го избрал Меконахи за оваа улога.

15. Натали Портман

16 актери кои никогаш не земале часови по глума, но нивниот талент ги направил ѕвезди

Кога Портман имала 11 години, работела во локален пица ресторан, кога претставник на „Ревлон“ ја наговорил да започне кариера во манекенството. Но, таа открила дека манекенството е здодевно и наместо тоа, решила да започне со глума. Потоа, таа се пријавила на Кампот за театарски уметности „Usdan“, каде била претставена на многу продуценти. На Портман не ѝ била потребна формална едукација за да биде успешна актерка каква што е денес.

16. Хит Леџер

16 актери кои никогаш не земале часови по глума, но нивниот талент ги направил ѕвезди

Леџер го прекинал школувањето кога имал 17 години, за да започне да се занимава со глума. Тој се возел до Сиднеј заедно со неговиот најдобар пријател, Тревор ДиКарло, за да побара работа како актер. Неговата прва можност била малата улога на ТВ серија која се викала „Clowning Around“. Постепено, станал добро познат по „10 работи кои ги мразам кај тебе“, а потоа ја имал најдобрата улога како Џокер во „Темниот витез“.  Леџер е крајниот доказ дека не ви треба актерско образование за да бидете актер.

Можеби сакате да видите и дека еден пластичен хирург открива како денес би изгледале познатите актерки, кога природно би старееле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар