15 знаци дека сте во тотален хаос
На сите ни се случува понекогаш да дозволиме хаосот да завладее со нашиот живот, но тоа е нормално сѐ додека не трае подолг период. Доколку продолжиме со такво темпо, по извесно време ќе се чувствуваме изгубено и нема да можеме правилно да функционираме, што може да доведе до големи потфрлувања во работата и приватниот живот. Ако се пронајдете во следниве 15 ситуации, време е да си го средите животот и да му ставите крај на хаосот кој ве спречува да одите напред…
1. Никогаш не можете да си ги најдете клучевите. Само за тоа размислувате додека се движите кон вашиот автомобил и постојано се прашувате дали ќе останете пред врата, но премногу сте мрзливи да проверите во чантата за да видите дали клучевите се навистина таму.
2. Редовно одговарате на важни имејлови три часа подоцна бидејќи вашето внимание е одвлечено од други работи. Нема ништо поздодевно од напорните имејлови и затоа гледате да ги одбегнете што е можно подолго.
3. Барем еднаш во денот замолувате некого да ви заѕвони бидејќи не можете да си го најдете мобилниот телефон. Ова ви се случува толку често, што сте дошле до степен да барате од непознати луѓе да ви ѕвонат и сега којзнае колкумина странци го имаат вашиот број.
4. Кога сме веќе кај телефонот, неговата маска има еден куп чудни дамки кои не можете да ги идентификувате. Којзнае колку време планирате да купите нова маска, но никако да го направите тоа.
5. Не се будите со првиот аларм. Ниту пак со вториот. Постојано стискате снуз, додека не сфатите дека веќе доцните за на работа и излегувате во тотален хаос.
6. Кога конечно ќе станете од спиење, чувствувате како секоја можна коска од вашето тело да ви вели дека треба да си останете во кревет. Секое утро, станувањето од кревет ви е најтешкото нешто што треба да го направите. Знаете дека треба да си легнувате неколку часа порано, но никогаш не го правите тоа.
7. Го губите паричникот барем еднаш неделно. Постојано во текот на денот одеднаш сфаќате дека немате поим каде ви е паричникот. Дали можеби го оставивте на работа? Во салата за вежбање? Во автомобилот? Дома? Како да добива нозе и магично исчезнува.
8. Секогаш доцните и затоа се движите многу побрзо одошто би требало. И токму од оваа причина, 20% од времето врска немате каде се наоѓа она што никако не сте смееле да го изгубите.
9. Секогаш кога ќе добиете казна за паркирање, чекате до последен момент за да ја платите. И потоа одите да ја платите и сфаќате дека доцните 5 дена, така што цената се качила. Навистина сакате да ги спречите овие работи за да не морате да плаќате цело богатство, но немате распоред, планер, ниту какви било потсетници, па така вашата идеја никогаш не се реализира.
10. Не знаете да направите распоред на вашите работни обврски. Постојано ги прашувате вашите колеги дали имате состанок, важен проект или презентација. Никогаш немате време да се подготвите како што треба, бидејќи не водите сметка за работните обврски.
11. Вие сте личноста која секогаш доцни и заборава работи во вашето друштво. Вашиот пријател организира забава со посебен код на облекување, но вие се појавувате во фармерки бидејќи целосно сте се исклучиле за време на разговорот или сте заборавиле.
12. Постојано ги убедувате вашите пријатели дека ќе се смените од наредна недела. Ветувате дека ќе се појавувате на време, но тоа никогаш не се случува. Имате среќа што ве толерираат и ве прифаќаат и покрај сите ваши маани и недостатоци.
13. Во фрижидерот секогаш имате нешто расипано. Купувате повеќе одошто можете да изедете и знаете дека треба да си ги испланирате оброците однапред, но никогаш не наоѓате време да го направите тоа.
14. Кога ќе ви се јават родителите, одеднаш ви текнува на сите обврски што сте требале да ги завршите. И веднаш се извинувате со зборовите „Извини мамо, ама навистина не знам кај ми е главата“.
15. Постојано ви загоруваат јадењата што ги готвите, бидејќи се загледувате во нешто на телефонот или на телевизија. Сигурно веќе сте се навикнале на вкусот на загорено месо, зеленчук или тост.