15 знаци дека сте во љубовна врска со кафето
Размислете, колку време поминувате со кафето или пак, размислувајќи за него? Колкав дел од вашето срце му припаѓа на него? Колку уживате во времето поминато со него? Погледнете ги следниве знаци кои укажуваат на фактот дека кафето секогаш било, е и ќе биде вашиот најдобар партнер…
1. Вашата замисла за совршен состанок е: вие со шолја кафе и добра книга покрај вас.
2. Кафето е првото нешто на кое помислувате секое утро. Единственото нешто што ве убедува да станете од кревет е неговиот прекрасен мирис кој ја исполнува целата просторија наутро. Вие без размислување би го одбрале тој мирис пред нежно шепотење во вашето уво.
3. Вие сметате дека кафето е прекрасно во секое време од денот, без разлика како изгледа. Топло, ладно, ледено, со млеко, црно… Без разлика во кој облик е, вие подеднакво многу ќе го сакате.
4. Доколку некогаш треба да одберете помеѓу дечко/девојка и кафе, вие без размислување ќе одберете кафе, бидејќи животот без него не е воопшто живот.
5. Ги трошите сите ваши вишок пари на него. Постојано купувате нови и интересни шолји од кои можете да го пиете вашето утринско кафе. Вие сакате тоа да го добива најдобриот можен третман.
6. Не можете да ја замислите вашата иднина без кафето. Тоа отсекогаш било тука за вас и засекогаш ќе продолжи да биде. Вашиот живот никогаш нема да биде без кафе.
7. Вие постојано размислувате за кафето. Постојано! Каде најблиску можете да купите? Дали имате време да се напиете? Каков вид имате желба денес да пиете? Доколку тоа не е во вашите раце, постојано ви недостасува.
8. Вие сакате да одите само на места каде што знаете дека ќе има кафе. По секоја покана која ќе ја добиете следува прашањето: „A, дали таму служат кафе?“
9. Тоа е секогаш вашиот прв приоритет. На вашата листа со обврски за денот, на прво место е кафето, а потоа се наредени сите останати нешта кои треба да ги завршите до крајот на денот.
10. Вие страдате кога сте долго време разделени. ОК, можеби тоа е и знак дека сте почнале со процесот на одвикнување од кофеинската зависност, но нели понекогаш сте навистина луди кога се чувствувате зависно од некој? Тоа е сосема нормално.
11. Вашето кафе се наоѓа на 90% од вашите фотографии на Инстаграм.
12. Вие се чувствувате попријатно кога кафето е во ваша близина. Постои нешто смирувачко во шетањето со кафе во вашите раце. Вие можете без проблем да разговарате со другите луѓе без притоа да се грижите што правите со вашите раце.
13. Тоа е едно од малкуте нешта кои гарантираат дека ќе ве развеселат во лошите денови. Кафето ви дава поддршка при надминувањето на препреките во текот на денот, па без разлика на тоа колку лошо ви тргнало, целосно е невозможно да се чувствувате тажни додека пиете чиста течна среќа.
14. Вие секоја вечер заспивате со помислата на кафето и најчесто тоа е дел и од вашите соништа.
15. Кога ја отворивте оваа статија, вие еден момент го набљудувавте кафето и помисливте дека тоа е прекрасно. Исто така тогаш ви се појави и желба за уште едно кафе.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.