15 знаци дека сте јаболко кое паднало многу далеку од дрвото
Постои една стара изрека која вели дека јаболкото не паѓа многу далеку од дрвото. Нејзиното значење е дека децата најчесто многу наликуваат на своите родителите, дури и ако не се свесни за тоа. Но, што се случува со оние јаболка кои успеале да се стркалаат по ридот и да паднат многу далеку од своето дрво? Погледнете ги следниве 15 знаци кои покажуваат дека вие сте сосема различна личност од вашето семејство…
1. Вашето семејство се обидува да глуми ентузијазам за вашите работа, интереси и хоби. Но, реалноста е дека постои неискажано согласување дека никој не разбира зошто уживате во нештата во кои уживате.
2. Сте биле дел од неколку дискусии и неформални интервенции каде што вашите родители се обидувале да ве „поправат“. Тие постојано размислуваат дека нешто не е во ред со вас и дека тоа нешто треба да биде искоренето со цел вие да бидете „нормални“.
3. Вие сте имуни на коментарите од видот: „Зошто не можеш да бидеш повеќе како _______?“ Бидејќи целиот ваш живот ја имате улога на црна овца во семејството, сте нашле начин како да станете силни и да се сакате онакви какви што навистина сте.
4. Со тек на време сте научиле да ја сакате вашата различност. Понекогаш сфаќате дека токму вашите различни размислувања од останатите ве прават поуникатни одошто некогаш сте мислеле дека можете да бидете.
5. Понекогаш се чувствувате како аутсајдер. Токму собирите за време на родендените, празниците или други големи настани ве прават нервозни бидејќи знаете дека повторно ќе бидете главна тема на негативен разговор.
6. Кога ги посетувате вашите родители, вие се чувствувате како повторно да сте се вратиле во средно. Вие не можете да го смените фактот дека ги нервирате сите со вашите моментални ставови за животот и токму тоа води кон неизбежна расправија.
7. Се чувствувате како бунтовник, дури и покрај тоа што не носите кожна јакна. Бидејќи сè што излегува од вашата уста, дури и да не сакате, е спротивно од размислувањето на вашето семејство. Токму затоа и тие мислат дека намерно водите инат.
8. Ако истовремено сте и црна овца и најстаро дете, тогаш вашите родители без проблем отворено признаваат дека најтешкото им поминало со вас. Во нивните очи, вашите браќа и/или сестри не им правеле толку проблеми како вие.
9. Многу се нервирате за оние нешта кои вам ви биле забранети, а на вашите браќа и/или сестри не. Тие смееле да излегуваат до подоцна, немале толку обврски во домот и многу почесто добивале дозвола да ја возат колата на вашите родители.
10. Како резултат на тоа, вие сте станале агресивно независни. Токму затоа и не се воздржувате кога ги правите оние нешта за кои сте заинтересирани, особено во областа на кариерата, дури и ако вашите родители не ги прифаќаат.
11. Мразите да барате помош кога имате потешкотии. Уште повеќе ако станува збор за вашето семејство. Вие сакате сè да направите сами со цел да им покажете на другите колку лесно и без грижи ги следите вашите соништа, наместо оние на вашите родители кои сè уште цврсто веруваат дека знаат што е најдобро за вас.
12. Вие сте центарот на секоја караница или лошо расположение кое вашите родители ги искусуваат. Дури и да не живеете под ист покрив, понекогаш можете да добиете порака од вашите браќа и/или сестри кои ве прашуваат „Што направи сега? Тато е лут!“
13. Сте отишле да студирате во друга држава само за да бидете подалеку од вашето семејство. Дури и размислувате да најдете таму работа со цел никогаш повеќе да не мора да се вратите дома. Ова неизбежно води кон тоа да станете онаа личност која навистина сте, а не онаа која вашите родители сакаат да бидете.
14. Кога ќе се вратите дома по подолго време, вие мора да одговарате на најразлични прашања за вашиот личен живот. Вашето семејство сака да знае точно што ви се случува со цел да го даде своето мислење на таа тема.
15. Ниту еден од вашите пријатели не ги познава вашите членови на семејството. Вие се обидувате да ги држите што подалеку од нив со цел да не ја нарушите сликата која тие ја имаат за вас.