15 застрашувачки работи кои деца им ги кажале на нивните дадилки

15 застрашувачки работи кои деца им ги кажале на нивните дадилки

Се сеќавате на 28-те хорор приказни во 2 реченици? Ова е продолжение од 15 кратки приказни, но овој пат базирани на вистински случки. Бууууууу!

15-zastrashuvachki-raboti-koi-deca-im-gi-kazhale-na-nivnite-dadilki-kafepauza.mk

Децата во хорор филмовите често се појавуваат со цел да го заплашат гледачот. Може да ја кренат главата и да ве изненадат со нивниот морбиден изглед, да се претворат во чудовишта или да кажат некоја страшна приказна. Во секој случај, тоа ќе има влијание на вашите идни кошмари.

А што ако наместо на филм, децата во реалниот живот ни кажат работи со кои можат да нѐ престрашат до смрт? Што ако го оставите детето на дадилка, и тоа ѝ каже дека е умрено или дека има дух позади неа? Што би направиле?

1. Пред неколку години, ја легнував ќерката на мојата пријателка на спиење. Тогаш имаше околу 3 години и се плашеше да заспива. Ме праша зошто мора да легнува во кревет и јас и одговорив: „Бидејќи е доцна и време е малите девојчиња да се одморат.“ Тогаш таа покажа во празно на спротивната страна од собата и рече: „А ова мало девојче?“

2. Пред 2 години го разгледувавме мојот алманах од основно школо со мојата 5-годишна братучетка. Кога дојдовме до страницата со еден клас од второ одделение, таа покажа кон фотографијата на едно момче и рече: „Тој изгледа исто како Николас!“ Кога прашав кој е Николас, таа рече: „Момчето во мојот плакар“ и едноставно продолжи да си разгледува. За малку не умрев.

3. Малите деца знаат чудни работи. Мојата внука има 4 години и постојано зборува за нејзината постара сестра. Исто така и нонстоп разговара со неа. Таа е единче и не знае дека мајка ѝ пред неколку години имала неуспешна бременост. Некогаш успева да ме преплаши.

4. Бев тргната кон купатилото на вториот кат во куќата на тетка ми и тогаш ја забележав мојата братучетка Ејприл на скалите. Ејприл имаше 4 години и беше многу ведра. Се занимаваше правејќи смешни фаци додека седеше на скалите. Ја прашав што прави, а таа ми рече: „Ја имитирам жената со плетенките.“ Погледнав наоколу, немаше никој друг освен нас. Ја прашав: „Каде е жената Ејприл?“ Таа покажа накај гредата паралелно на скалите. Ја прашав: „Ејприл, што прави жената?“ Таа рече: „Прави смешни фаци“. Се насмевнав и продолжив да одам нагоре кога Ејприл кажа нешто што ме стаписа во истиот миг. Рече: „Нејзините плетенки ѝ се околу вратот“. Се завртев назад и ѝ реков на Ејприл да повтори што кажа. Таа покажа во истата насока и рече „Жената виси на плетенките… Прави смешни фаци.“ Тогаш Ејприл почна да прави фаца што тогаш сфатив дека имитира некој кој се бори за воздух.“

5. Го чував Џек (5-годишно дете), кој рече дека некој човек по име Џејкоб кој е облечен како дрвосечач седи до мене на каучот. Мора да забележа дека ме исплаши, па додаде: „Не се секирај, нема раце.“

6. Мојот малечок внук порано постојано зборуваше за жена која го посетувала навечер во соба. Велеше дека таа носи црвен фустан, дека се вика Френи, дека му пеела… и дека лебди.

7. Чував неколку деца додека родителите им беа во кино. Го ставив најмалото (4) на спиење и се вратив да гледам ТВ сѐ додека не се вратија родителите. Следниот ден се јавија родителите. Според 4-годишното дете сум стоела на прагот од вратата, долго сум го гледала и сум се смешкала. Бев многу збунета, што не знаев што да кажам.

8. Јас и мојата пријателка една вечер го чувавме нејзиниот 4-годишен братучед. Таа многу веруваше во реинкарнација и слични работи и реши да ги тестира своите теории на братучед ѝ. Почна да му поставува прашања кои тој не можеше баш да ги разбере, но тогаш го праша со едноставни зборови: „Што беше пред да бидеш (името на детето)?“ Тој кажа дека бил кондуктер и мавна со раката како што тоа би го направил возрасен човек кондуктер. Ова дете е родено слепо.

9. Пред неколку години ја чував ќерката на мојата пријателка. Тие живееја во стан со голема стаклена врата која водеше кон поплочен праг. Таа пристапи кон стаклената врата, тргна кон плочникот и неподвижно гледаше во ноќта неколку минути. Брзо потоа се затрча накај мене, ме гушна и рече: „Страшно. Многу страшно.“ Не ми дозволуваше да ја пуштам и бараше да ја држам и да ја нишам во следниот половина час. На крај конечно почна да повторува: „Темнината сега доаѓа внатре. Темнината сега доаѓа внатре.“

10. Откако го покрив тој ми рече: Знаеш, јас немам убиено никого. Не мораа да ми ја отсечат раката. Но земјата беше целата во крв.“ Мојата теорија е дека ова е реинкарниран војник од Првата светска војна.

11. Го гушкав 3-годишниот син на мојата пријателка кога тој со многу сериозен тон ми рече: „Ти ветувам дека никогаш повеќе нема да ти ги џвакам коските. Ти ветувам.“

12. Пред неколку месеци го загубив мојот дечко кој настрада од залетан куршум. Кога неколку дена потоа отидов да го посетам неговиот мал братучед, тој ми пријде додека плачев. Ме праша зошто плачам и јас му кажав дека ми недостига мојот дечко. Тој направи една збунета фаца и рече: „Зошто? Па ене го седи напред во дворот.“

13. Еднаш чував девојче по име Сара која порано многу сакаше да ја чувам. Го знам ова бидејќи мајка ѝ постојано ми кажуваше како секогаш сакала да ја чувам јас, а не некој друг. Но Сара една вечер отиде чекор подалеку и ми рече: „Кога ќе умреш, сакам да те ставам во стаклена тегла за да можам да те чувам и да те гледам засекогаш.“

14. Грижејќи се една вечер за мојот мал братучед во Монтана, тој почна да ми раскажува за „Морничавиот човек“ кој живее во собата на неговите родители. Поминува кај мене откако ќе ги посети нив. Еднаш згрешив и го прашав како изгледа. Ми рече: „Ох, па нема лице.“

15. Една вечер ги чував децата на мојот пријател. Најмалото (околу 5 години) нацрта слика на која жена висеше од таванот, ме погледна и ми рече „Таа ми рече да го нацртам ова. Доаѓа по тебе. Скриј се.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Nikola Reply

    NEkoj raboti me naezija 😀

Остави коментар