15-те најважни цитати на Иво Андриќ за животот, љубовта и страдањето

15-те најважни цитати на Иво Андриќ за животот, љубовта и страдањето

Многу е тешко да се изберат најзначајните мисли и цитати на Иво Андриќ, но овие 15 цитати ќе ве натераат да размислите за животот, љубовта и страдањето.

15-те најважни цитати на Иво Андриќ за животот, љубовта и страдањето

„Од оној што прави добро, се очекува да прави уште повеќе добро.“

„Љубовта, кога е искрена и длабока, лесно простува и заборава.“

„Мирот и спокојството се единственото добро и најголемото достоинство на смирените и безимени луѓе.“

„Младоста е среќен период во кој човекот почнува да верува во себе, а сè уште не престанал да верува во другите.“

„Не може лесно да се побегне од потеклото и од детството.“

„Оној што не го изложува нежниот цвет на својата душа на ветровите на искушението, па дури и да го спаси и да го донесе до крајот, исто како никогаш да го немал.“

„Раната што се крие, бавно и тешко заздравува.“

„Човекот никогаш не може да им се изнагледа на ѕвезденото небо и на човечкото срце.“

„Животот ни го враќа само она што им го даваме на другите.“

„Сите вистински животи се убави и тешки.“

„Животната сила на човекот се мери, меѓу другото, со неговата способност да заборави.“

„Многумина го постигнуваат она што го сакаат, но се губат себеси.“

„Животот е состојба на активност која постојано се стреми кон смрт и ѝ приоѓа бавно и постепено, а смртта е решението за таа долга болест наречена живот.“

„Сите сме мртви, само се погребуваме еден по еден.“

„Имаше толку многу работи во животот од кои се плашевме. Но, не требаше. Требаше да живееме.“

„Ако луѓето знаеја колку малку памет владее со светот, би умреле од страв.“

„Сè додека има мрак, има и зори.“

Прочитајте ги овие 13 цитати што може многу да ве инспирираат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар