15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка
6. Монте Изола
Со површина од само 13 квадратни километри, Монте Изола е назначен за најголемиот езерски остров во Италија.
7. Колета ди Кастелбјанко
Ова античко село е целосно изградено од камен и се верува дека било основано за одбрана од Сарацените во XIII век. Некои од куќите имаат црвени или сини врати, кои го прават овој град уште пошармантен.
8. Вернаца
Вернаца е еден од градовите кои влегуваат во состав на Чинкве Тере. Во него живеат околу 1.200 жители и е познат како едно од најверодостојните рибарски села на италијанската ривиера. Исто така, нуди „убиствено“ добра глетка.
9. Отранто
Градот кој некогаш бил познат по одгледувањето коњи, денес има околу 6.000 жители и нуди прекрасен поглед кон кристално бистрите води. Значајна глетка за ова место е Кастело Арагонезе, замок кој е изграден во 1485 година.
10. Глоренца
Глоренца или некаде познат и под името Глурнс е гратче лоцирано во северниот дел на Италија и во него живеат помалку од 1.000 жители. Интересен е фактот дека повеќето од неговите жители зборуваат германски јазик.